Фото: Борел/Твитер

Израелскиот министер за надворешни работи, Ели Коен и палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал-Малки, се поканети да учествуваат на вонредниот состанок на европските министри за надворешни работи, свикан по нападот на Хамас врз Израел.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, на социјалната мрежа Х (Твитер) ја објави вест за состанокот.

Борел е во Оман, заедно со неколку европски министри.

Европскиот функционер свика состанок за попладнево во хибриден формат.