Фото: Пиксабеј

Пратка со српски праски е вратена од хрватска граница во Србија откако е утврдено високо ниво на пестицидот хлорпирфос, објави Европска комисија.

Опасната пратка ја пријави Хрватска, но не се наведени детали за конкретната опасност, само е посочено дека товарот од Србија е потенцијално ризичен.

На 7 јули Словенија вратила праски во Србија поради присуство на пестицидот хлорпирифос.

Претставниците на земјите членки на Комитетот за растенија, животни, храна и сточна храна гласаа за забрана на хлорпирифос и хлорпирифос-метил на пазарот на ЕУ. Имено, врз основа на заклучоците на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), според кои активните супстанции може да се поврзани со генетско и неврооштетување кај неродените деца и не ги исполнуваат безбедносните критериуми за здравјето на луѓето, Европската комисија презентираше нацрт регулатива со која се предлага забрана за контроверзните хлорпирифос и хлорпирифос-метил. Тоа се два инсектициди кои спаѓаат во категоријата пестициди познати како органофосфати, а чија примена е широко распространета во земјите членки на ЕУ.

Според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, по контакт со хлорпирифос луѓето можат да доживеат различни ефекти врз нервниот систем, како што се главоболки, заматен вид, зголемена лачење на плунка, напади, а во екстремни случаи, во зависност од количината и должината на изложеноста, може да доведе и до смрт.