Шефот за надворешна политика на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел го откажал летот за Брисел, брифираат дипломатски извори за Радио Слободна Европа. Повеќе од 10 часа траат средбите во Охрид со лидерите на Србија и на Косово.
Трилатералка во Охрид: Ќе решат ли нешто Курти и Вучиќ?
Тој денеска во 10 и 30 часот ги започна средбите во Охрид во рамки на дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Прво имаше одвоените средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа и со премиерот на Косово, Албин Курти. На средбите присуствува и претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак. Потоа следуваше трилатерална средба.
Борел претходно на Твитер напиша дека „очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени кон Охрид.
Над 200 новинарски екипи од Македонија, Србија, Косово, од земјите од регионот и од Европа се во очекување на каква било официјална информација.