Владата на Хрватска одлучи да купи 12 половни француски борбени авиони „Ф3Р рафал“, за цена од речиси милијарда евра, објави „Јутарњи лист“, повикувајќи се на добро информирани извори.
Одлуката би требало да биде објавена на Денот на вооружените сили, на 28 мај. Најстариот авион што би бил испорачан во Хрватска би имал десет години, а според информациите со кои располага весникот, Хрватска би го добила целиот пакет, кој вклучува авиони, обука и вооружување, за речиси милијарда евра.
Доколку договорот е потпишан оваа година, Французите ќе ги испорачаат првите шест авиони во 2024 година.
Хрватска досега почесто купуваше американско оружје и воена технологија. Воениот пилот од Татковинската војна Иван Селак вели дека хрватската војска не е „америкоцентрична“.
– Ние сме сојузници со НАТО и со Французите. Нема голема разлика меѓу францускиот, шведскиот и францускиот производ. Ние сме натоцентрична земја и нашата цел е да имаме авиони од нашите сојузници – вели Селак за „Индекс“.