Фото: Твитер/Стејт департмент

Претставниците на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислуваат да затворат неколку американски конзулати и дипломатски претставништва ширум светот за да ги намалат трошоците во Стејт департментот, објави Ен-Би-Си Њуз.

Конзулатите во Европа, Канада, Мексико и Пацифичките острови се меѓу оние што би можеле да бидат затворени.

Официјални лица потврдија дека Трамп ја разгледал листата на конзулати, но дека сè уште не е донесена конечна одлука и дека не е поставена временска рамка за какви било потенцијални затворања.

Се разгледуваат и дополнителни владини активности кои би можеле да се спроведат во овие мисии, како што се воени контакти со други земји и собирање разузнавачки информации.

Најголем број конзулати кои би можеле да бидат затворени се во Германија и Франција, соопштија официјални лица.

Стејт департментот побарал информации од конзулатите за нивното работење.