Руските вооружени сили денеска соопштија дека ќе испратат воена полиција во сирискиот град Дума, со цел да се зачува мирот.

– Од утре, единици на руската воена полиција ќе бидат донесени во Дума со цел сигурност и обезбедување на законот и редот, како и за организирање помош за локалното население – изјави висок руски офицер Виктор Пожникир на брифинг во Москва.

Наводниот хемиски напад во сирискиот град Дума е „организиран“ од Белите шлемови, тврди руската армија.