Повеќе од 700 либиски мигранти се вратени дома во последните денови, предупреди вчера Високиот комесаријат на Обединетите Нации за бегалци (УНХЦР).
– Меѓу мигрантите имаше многу мали деца и луѓе на кои им беше потребна голема помош – напиша портпаролкатана УНХЦР, Карлота Сами, на Твитер.
Таа предупреди дека мигрантите во спротивно би завршиле во произволни притвори на неодредено време, додавајќи дека таму би биле изложени и на ризик да бидат повредени од страна на трговците со луѓе.
– Либија сè уште не е безбедна – нагласи официјалниот претставник на ООН.
Минатата недела Советот за безбедност на ОН одржа неформален состанок во кој се фокусираше на враќањето на повеќе од 20.000 странски борци и платеници од Либија по барање на преодната влада на земјата која се движи кон избори во декември по една деценија борби и пресврти.
ОН во декември проценија дека во Либија има најмалку 20.000 странски борци и платеници, вклучувајќи Сиријци, Руси, Суданци и државјани на Чад.