Продолжуваат судирите во појасот Газа. Ракетите летаат од двете страни. Советот за безбедност на ООН повторно без заеднички став.

Двајца израелски војници вчера биле ранети во пукотница во близина на населба на Западниот брег Бејт Ел, а илјадници Палестинци протестираа насилно на влезот во блискиот град Рамала и преку Западниот брег.

Израелските одбранбени сили соопштија дека нивните војници возвратиле на огнот и дека двајца војници биле ранети во тоа време, но не коментираа веднаш дали има жртви на палестинска страна, објави „Тајмс оф Израел“, наведувајќи дека тројца палестински демонстранти биле убиени за време на конфликт со израелските сили.

Израелската армија соопшти дека протестите во Билин биле насилни и дека нивните војници одговориле со огнено оружје за да ги растераат демонстрантите.

Во Бејт Ел, како што објави армијата, израелски војници биле убиени со оружје АК-47, што според израелскиот весник тешко може да се добие на Западниот брег, што укажува на тоа дека нападот може да го извршиле луѓе поврзани со терористичка група.

Министерството за здравство на палестинските власти објави дека тројца Палестинци биле убиени и дека 70 лица биле ранети, од кои 16 биле погодени од куршуми, додека некои од нив се во критична состојба.