Фото: Приватна архива

Спортскиот фестивал „Илинден“ што се оддржува во Струга е прогласен за спортски настан на годината од платформата „Авантурите на Македонија“
-Нивното официјално видео кое беше објавено на нашата страница имаше преку 16.000 прегледи и уште толку реакции и коментари. Воедно, во тесна
конкуренција со неколку спортски настани, потврдуваме дека со својата концепциска оригиналност „Илинден” е настан кој ја обележа 2023 година – велат од
„Авантурите на Македонија“.

Златната плакета за спортски настан на година во име на целиот тим на фестивалот викендов свечено ја прими м-р Коста Хиохи.

-Наградата е потврда дека нашиот влог од знаење, енергија и љубов за Струга е силно препознат, како од корисниците на платформата, така и од евалуаторите.
Фестивалот го сочинуваат сите, а најмногу поддршката на стружани. Без учесниците, посетителите и помагателите вие немате реалност. Затоа не случајно
наградата им ја посветуваме нив. Истата меѓудругото е и наша обврска да растеме, организациски и спортски – изјави за Струга онлајн проф. д-р Лиза
Пантековска, член на организациски одбор на спортски фестивал „Илинден“.