Фото: Принтскрин

Пропалестински протести синоќа го блокираа сообраќајот околу меѓународниот аеродром Лос Анџелес и меѓунарoдниот аеродром Кенеди во Њујорк, двата најголеми во земјата.

Протестните акции на двата брега на САД, источниот и западниот, завршија со десетици уапсени лица.

Во аеродромот Лос Анџелес каде што демонстрантите предизвикаа немири, беа уапсени 36 луѓе, соопшти градската полиција.

-Демонстрантите турнале полицаец на земја и користеле ѓубре, патни знаци, гранки од дрвја и бетонски блокови за да блокираат (патот кон аеродромот), напаѓаа на случајни минувачи кои поминуваа со нивните коли – се вели во соопштението од полицијата.

На другиот крај од земјата, Одделот за полициско-пристаништен менаџмент на Њујорк соопшти дека 26 лица биле уапсени за нарушување на јавниот ред и создавање пречки во движењето на транспортот за време на протестна акција на автопатот Ванвик во реонот на аеродромот Кенеди во Квинс.