Фото: Федерација на коњички спортови на Македонија

Според план-календарот на Федерацијата на коњички спорт на Македонија, коњичкиот клуб Бравадос на теренот во населбата Волоково, крај реката Лепенец, утре со почеток во 10 часот ќе го одржи четвртото коло (финале) од отвореното Лига-првенство во прекокнување на пречки, додека в недела исто така со почеток во 10 часот и петтото коло од Првенството на Македонија во прескокнување на пречки.

В сабота на програмата се три натпревари во прескокнување на пречки и тоа во 1-класа Е, 2-класа А** и 3-класа Л* со височина на пречките од 0,7 до 1,2 метри и ширина до 1,3 метри.

В недела пак, на програмата се пет натпревари во класите А, Б, Ц, Д и Е со височина на пречките од 0,7 до 1,3 метри и ширина до 1,4 метри. Г.И.