KAРATE – ГРАНПРИ-ТУРНИР ВО САМОБОР
Македонските кадети Андреј Стојчевски (категорија до 57 кг) и Мила Николова (категорија до 49 кг), и двајцата од клубот Кизаме, ја дополнија колекцијата македонски медали освоени на силниот меѓународен гранпри-турнир во Самобор, Хрватска, освојувајќи бронзи. По двата натпреварувачки дена, вкупниот број освоени медали е 13 (три златни и по пет сребрени и бронзени), со што Македонија е осма во конкуренција на околу 1.800 каратисти од 300 клуба од 25 држави. Најуспешна е Италија со 54 медали (17 златни, 11 сребра и 26 бронзи), пред Хрватска. Г.И.