Тројцата се номинирани во категориите тенисер со најголем напредок, Алкараз и за награда „Стефан Едберг“, а Дрејпер и Руне за новак на годината (играч што првпат во 2022 година се пробил во првите 100 на АТП-листата)

ТЕНИС – НАГРАДИ НА АТП ЗА 2022 ГОДИНА

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, и тренерот Хуан Карлос Фереро добија вкупно три номинации за наградите на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) за 2022 година, а објавени се номинираните за четири категории, пишува АТП. Тие се во трка во категориите за најголем напредок, односно за тренер на годината, а 19-годишниот Алкараз, кој веќе е број 1 на АТП-листата, првпат е номиниран и за наградата „Стефан Едберг“ за спортски дух, заедно со Феликс Ожер-Алиасим, петкратниот победник Рафаел Надал, Каспер Руд и Френсис Тиафо. Алкараз е во трка со уште две млади ѕвезди, Џек Дрејпер и Холгер Руне, и со 25-годишниот Американец Максим Креси за тенисер со најголем напредок во годината. Дрејпер (20) и Руне (19) се, исто така, меѓу петте номинирани за новак на годината, кој ги вклучува играчите на Некст-ген на АТП што се пробија во врвните 100 првпат во 2022 година. Добитниците на наградите ќе бидат објавувани од 12 декември.
Повратник на годината (играч што надминал сериозна повреда за повторно се етаблира како еден од најдобрите играчи на АТП-турнејата): Борна Чориќ, Доминик Тим, Стен Вавринка, Ву Јибинг.
За тенисер со најголем напредок (играчот што достигна значително повисок ранг на АТП-листата и кој покажа подобрено ниво на перформанси годинава) во трка се Алкараз, Максим Креси, Дрејпер и Руне. Во конкуренција за новак на годината (играч на серијата Некст-ген што се проби во првите 100 првпат во 2022 година и имаше најголемо влијание на турнејата сезонава) се Дрејпер, Јиржи Лехечка, Бен Шелтон, Чун-Хсин Ценг и Руне. За награда за спортски дух „Стефан Едберг“ (играч што во текот на целата година се водеше на највисоко ниво на професионализам и интегритет, кој се натпреваруваше со своите колеги со најголем дух на правичност и кој ја промовираше играта преку своите активности надвор од теренот) конкурираат Алкараз, Оже-Алиасим, Надал, Руд и Тиафо. За наградата тренер на годината (номинирана и изгласана од тренери, оваа награда оди кај тренерот што им помогнал на своите играчи да ги насочи на повисоко ниво на перформанси во текот на годината) во трка се Фереро (тренер на Карлос Алкараз), Фредерик Фонтанг (Феликс Оже-Алиасим), Горан Иванишевиќ (Новак Ѓоковиќ), Мајкл Расел (Тејлор Фриц), Кристијан Руд (Каспер Руд), пишува АТП.