Ѓоковиќ со 50,3 отсто е единствениот тенисер од врвните 10 на АТП-листата што го проби прагот од 50 отсто и освои повеќе поени отколку што изгуби кога ги врати првите сервиси во игра. Тој е уште поуспешен при освојувањето на вториот сервис, кога врати топче во игра, освојувајќи 61,8 отсто од тие поени. Оваа статистика помага да се објасни што го прави Ѓоковиќ еден од најголемите враќачи на сервис во историјата на тенисот, пишува АТП

ТЕНИС – ГОДИШНА СТАТИСТИКА НА АТП

Во тенисот сѐ почнува и завршува со враќањето на сервисот во теренот. Анализата на „Инфосис АТП“ за поените откако ќе се врати сервисот освоени од врвните 10 на АТП-листата ја истакнува клучната стратегиска предност што Новак Ѓоковиќ ја уживаше во однос на своите најблиски ривали, пишува Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) на својата интернет-страница. Ѓоковиќ е најдобриот во освојувањето на првиот и вториот сервис-поен кога топчето го враќа во игра по сервис на противникот. Збирот на податоци вклучува 13.215 први и втори сервиси во 2022 година.
Замислете противник да направи моќен прв сервис и Ѓоковиќ успешно да го врати топчето назад во игра. Кој е сега фаворит да го освои поенот? Неверојатно Ѓоковиќ, пишува АТП. Ѓоковиќ со 50,3 отсто е единствениот тенисер од врвните 10 на АТП-листата што го проби прагот од 50 отсто и освои повеќе поени отколку што изгуби кога ги врати првите сервиси во игра. Оваа статистика помага да се објасни што го прави Ѓоковиќ еден од најголемите враќачи на сервис во историјата на тенисот, пишува АТП.
Андреј Рубљев е на второто место, следен од актуелниот светски бр. 1, Карлос Алкараз, на третата позиција. Ѓоковиќ освои повеќе од 50 отсто од повратните поени за прв сервис кога топчето беше вратено во игра во пет од изминатите 10 години. Неговата најуспешна година беше 2015-та, кога освои неверојатни 53,2 отсто од тие поени.
Ѓоковиќ беше уште поуспешен при освојувањето на вториот сервис кога врати топче во игра, освојувајќи 61,8 отсто од тие поени, пишува АТП. Неверојатно е да се мисли дека кога неговиот противник ќе направи втор сервис и кога Ѓоковиќ успешно ќе го врати топчето во игра, серверот ќе освои само четири од 10 поени во просек. Алкараз беше единствениот друг играч од првите 10 што ја проби бариерата од 60 отсто, со 61,4 отсто. Годинава беше втора најдобра сезона во изминатите 10 години за Ѓоковиќ кога станува збор за освојување поени по вториот сервис, кога топчето беше вратено во игра. Неговата најдобра сезона е во 2014 година, кога освои 62,2 отсто.
Ѓоковиќ е на чело и на табелата што ги комбинира поените од првиот и од вториот сервис, освоени кога топчето беше вратено во игра. Четворицата играчи што освоија повеќе поени отколку што загубија се Ѓоковиќ (55,1 насто), Алкараз (53,8), Рубљев (51,3) и Рафаел Надал (50,1). Годинава е четврта најдобра сезона во претходните 10 за Ѓоковиќ во однос на комбинираните освоени поени по прв и втор сервис на противникот. Неговата најдобра сезона е во 2016 година, кога освои 61 отсто од тие поени, пишува АТП.


ПРОЦЕНТ НА ОСВОЕНИ ПОЕНИПО ВРАТЕН СЕРВИС

ТЕНИСЕР ПРВ ВТОР ВКУПНО
Ѓоковиќ 50,3 61,8 55,1
Рубљов 49,6 53,4 51,3
Алкараз 49,0 61,4 53,8
Надал 48,3 52,5 50,1
Ожер-Алиасим 47,3 53,2 49,6
Медведев 44,9 52,2 48,1
Фриц 44,0 55,7 48,8
Циципас 43,8 50,2 46,3
Руд 41,1 51,3 45,4
Хуркач 40,4 50,2 44,6
просечно 45,9 54,2 49,3
на листата се тенисерите на првите 10 места во АТП-рангирањето

Извор: АТП