Српската ракометна репрезентација доби нов селектор! Замина еден Шпанец, но на клупата повторно ќе пристигне Шпанец, бидејќи на местото на Тони Херона ќе дојде исклучително искусниот Раул Гонзалес, кој е освојувач на Лигата на шампионите и еден од најтрофејните тренери на денешницата.
Тој потпиша четиригодишен договор и ќе ги води „орлите“ до Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година, пренесува Спортски журнал.
Српската репрезентација викендов беше драматично поразена од Италијанците (31:30) на гостински терен во квалификациите за ЕП, па се очекува Гонзалес да стави ред во репрезентацијата, наведуваат медиумите во Белград.
Воедно, посебно се потенцира дека со Вардар, Гонзалес ја освои Лигата на шампионите во 2017 година, а зад своето име има дури 24 трофеи. Тој освои бронза играјќи за Шпанија на Олимписките игри во 1996 година, а раководеше со Атлетико Мадрид, додека во последните години беше исклучително успешен на клупата на Пари Сен Жермен.