Освојувачот на Купот ЖРК Металург го заврши учеството во Европскиот куп откако денеска беше поразен од ПАОК со 20-31 во Скопје. Македонскиот претставник загуби и во првиот дуел со 17-26.

Мери Арсениевска и Ива Божиновска беа најефикасни кај Металург со по пет гола, колку што постигнаа и Марија Каципарасиду и Милица Грбавчевиќ на спротивната страна.

Чаир Скопје беше поразен од косовски Истогу со 33-34 во првиот меч од истата фаза во натпреварувањето.