На денешната седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), беше одлучено ракометарите да бидат наградени со 30.000 евра, доколку изборат пласман на Светското првенство во 2019 година, што ќе се одржи во Германија и Данска.

Новост е дополнителниот бонус од десет илјади евра, ако Македонија ја совлада Романија на двата бараж натпревари.

Средбите со Романија се играат на 10 јуни во Скопје, односно на 13 јуни на гостински терен.

Директорот на репрезентацијата Милчо Чакарески го поднесе извештајот за оствареното на Европското првенство во Хрватска и настапот го оцени како успешен, меѓутоа не и како максимум што можевме да направиме.