Во пресрет на почетокот на новата натпреварувачка сезона, пионерската екипа на Металург во изминатите два дена беше домаќин на детски ракометен турнир (генерацијата 2004/2005), на кој учествуваа екипите на долгогодишните клупски пријатели на Металург, Валповка и Руквица, и двата од Хрватска, како и Илинден од Скопје.
Победник на турнирот е Валповка, која во полуфиналниот меч беше подобра од Металург со 25-17, додека во финалето ја совлада екипата на Руквица со 26-29. Во мечот за третото место, Металург го совлада Илинден со 24-18.
За најкорисен играч на турнирот (МВП) беше прогласен Лука Вукелиќ од Валповка, најдобар стрелец со 17 гола беше Никола Иванковиќ од Рукавица, а признанието за најдобар голман замина кај Давид Брестовац од редовите на Металург.