Виктор Вембањама и Руди Гобер / Фото: ЕПА

КОШАРКА

Поширокиот прелиминарен список на машката кошаркарска репрезентација на Франција за Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз годинава e мошне силен, во него се осум играчи што настапуваат во НБА-лигата и седум во Евролигата. На листата е најдобриот дефанзивец во НБА, Руди Гобер, како и центарот Виктор Вембањама. Покрај нив во составот се и, на пример, Еван Фурние, Николас Батум, Усман Диенг, Билал Кулибали, Килијан Хејс и Френк Нтиликина. Кошаркари што не играат ниту во НБА ниту во Евролигата се Ендрју Албиси, Надир Хифи, Џејлен Хоард и Тео Маледон.
– Имавме список со 16 играчи, но некои околности нѐ наведоа да го прошириме списокот – изјави францускиот селектор Венсан Коле.
Во подготвителниот период Франција ќе одигра шест тест-меча, со Турција, Австралија, Канада, Србија, и два со Германија. На Игрите, Франција е во групата Б со Германија, Јапонија и победникот на турнирот во Рига, на кој играат Летонија, Грузија, Филипини, Бразил, Камерун и Црна Гора. Состав на Франција за ЛОИ: Руди Гоберт, Венсан Поарје, Матијас Лесор, Гершон Јабуселе, Николас Батум, Еван Фурние, Виктор Вембањама, Ели Окобо, Ајзеа Кординие, Нандо де Коло, Тео Маледон, Френк Нтиликина, Ендрју Албиси, Билал Кулибали, Усман Дијенг, Килијан Хејс, Надир Хифи, Џејлен Хоард и Метју Стразел. Г.И