Навистина сум понизен, исклучително сум почестен што добив официјална поддршка од над 200 асоцијации-членки од сите континенти и тоа покажува дека навистина сме обединети. Ние сме обединети за да го одведеме глобалниот фудбал напред. Со сите 211 асоцијации-членки, со сите конфедерации, ќе продолжиме да работиме заедно во следните четири години и ќе правиме големи, големи работи, ќе го направиме фудбалот вистински глобален, ќе го направиме фудбалот поголем, изјави Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), пренесе ФИФА.
Инфантино, исто така, откри дека, и покрај пандемијата на коронавирусот и другите кризни точки низ светот, приходот на ФИФА на крајот од годината ќе изнесува 7,5 милијарди долари, над една милијарда долари повеќе отколку што беше предвидено, пишува ФИФА.
– Во основа, ќе имаме проектиран нето-резултат од една милијарда долари, кои потоа веднаш можеме да ги инвестираме во фудбалот, почнувајќи од сега и за следниот циклус, за да направиме фудбалот да расте уште повеќе низ светот – рече Инфантино.