Килијан Мбапе е најзаслужен за убедливата победа на Пари Сен Жермен над Барселона од 4-1, постигнувајќи хет-трик во осминафиналниот меч од фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) одигран вечерва на „Камп Ноу“. Лионел Меси од пенал беше стрелец на единствениот гол за домаќинот, додека за гостите погоди и Мојсе Кин.

Мбапе на тој начин стана третиот фудбалер кој успеал да постигне хет-трик против Барселона во натпревар од ЛШ, по Фаустино Асприлја и Андриј Шевченко кои остварија таков подвиг во дресовите на Њукасл, односно на Динамо Киев.

Но, хет-трикот на францускиот напаѓач уште повеќе добива на значај бидејќи е постигнат во нокаут-фазата на ЛШ, додека Асприлја и Шевченко ја полнеа мрежата на Барса во групната фаза на престижното натпреварување во 1997 година.

Во вториот вечерашен осминафинален меч, Ливерпул беше подобар од Лајпциг на гости со 2-0, со головите на Мохамед Салах и на Садио Мане во второто полувреме.

Реваншите од вечерашните средби се играт на 10 март. Утре се среќаваат Порто – Јувентус и Севилја – Борусија Дортмунд.