Македонската репрезентација победнички ја стартуваше новата сезона од Лигата на нации. Во рамките од Ц сегментот македонските фудбалери на Арената „Тодор Проески“, со 2:1 ја победија Ерменија. За неколку дена Македонија има дуелот  со Грузија на гости.

Головите на Езџан Алиоски и Илија Несторовски  и овозможија на Македонија да освои три бода. Во третата минута беше досуден пенал, откако по нафрлена топка, еден од гостинските играчи играше со рака.

Во судиското надополнување, беше досуден и пенал за Ерменија, а голот за гостите го даде некогашниот вардарец Тигран Барсагјан.