Животни
Ако чувствувате дека вашето куче има непријатен мирис или е валкано, логично е дека ќе сакате да го избањате. Колку често треба да се бања кучето? Одговорот зависи од расата, начинот на живот и крзното.
Дури и ветеринарите и експертите не се согласуваат колку често треба да се бањаат кучињата, но Американското здружение за спречување суровост кон животните препорачува еднаш на секои три месеци.
Ако вашето куче сака да игра во трева и кал, веројатно е дека ќе го бањате почесто отколку куче што е главно во затворен простор и сака да го поминува времето свиткано во скут.
Според „БиЧуви“, кучињата со средни и долги влакна треба да се бањаат на секои четири-шест недели, додека сопствениците на кучиња со кратки влакна треба да ги бањаат своите миленици еднаш на секои три месеци.
Американскиот кинолошки клуб за расите со густи влакна, како што се лабрадори, златни ретривери или сибирски хаски, советува да не се бањаат премногу често, бидејќи тоа може да го отстрани маслото од кожата.
Од друга страна, потребно е редовно четкање. Четкајте ги кучињата со долго влакно еднаш дневно, а кучињата со кратки влакна еднаш неделно. Доколку имате куче со влакна што паѓаат над очите, пожелно е и редовно шишање и средување.