Здрава храна

Време е за приготвување ручек или вечера, но на вашата тава забележувате ’рѓа. Веројатно сте загрижени дали храната што сте ја консумирале била во допир со неа и дали е таа отровна?
Она што најверојатно ќе се случи е – ништо! Иако тетанусот е потенцијално смртоносна инфекција на нервниот систем, всушност го предизвикува бактеријата клостридиум тетани (Clostridium tetani), а не само ’рѓата. Оваа бактерија најчесто ја има во земјата и во животинскиот измет, па затоа предметите што најчесто ги поврзуваме со тетанусот, како на пример, ’рѓосани клинци, главно ги наоѓаме на отворено каде што биле изложени на бактерии. Поради тоа, ако вашите кујнски садови, поради некоја причина биле изложени на наведените надворешни влијанија, а не сте сигурни кога последен пат сте примиле вакцина против тетанус, најдобро е ’рѓосаниот сад да го замените за нов. Но доколку садовите се направени од леано железо, можеби ќе можете да ги спасите.
Стручњаците од Универзитетот во Илиноис, САД, се согласуваат дека малку ’рѓа на кујнските садови не може да му наштети на вашето здравје. Па дури и ’рѓата во водата за пиење не се смета за опасна. Но, сепак, за да се чувствувате безбедно, најдобро е да одите на сигурно и да купите нови садови. Зошто да ризикувате?