Здрава храна
Лукот е едно од најстарите култивирани растенија во светот и може да се најде речиси во секоја кујна. Меѓутоа, тој не е само одличен додаток на оброците, туку и многу здрава намирница. Обично користиме лук кога сме настинати, бидејќи помага во борбата против кашлицата и го зајакнува имунолошкиот систем. Лукот содржи многу активни хемиски соединенија и антиоксиданти што го обезбедуваат здравјето на целиот организам, поради што често го нарекуваат природен антибиотик.
Лукот е исклучително хранлив, позитивно влијае на нивото на шеќерот во крвта, ги намалува синтезата на холестеролот и ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дејствува противвоспалително и се грижи за здравјето на гастроинтестиналниот тракт. Особено голем број лековити својства се кријат во лукот поради моќното соединение алицин, кое нормално го штити растението од бактерии и габи.
За да го искористите максимумот од корисните ефекти на лукот, консумирајте го редовно на следниов начин:
– лукот е најдобро да се јаде суров и најмалку три чешниња дневно;
– пред јадење, здробете го за да стимулирате ензимска реакција, која произведува алицин, состојката што го прави лукот толку здрав;
– ако термички го обработувате лукот, тоа треба да се направи многу брзо.
Многу луѓе го избегнуваат лукот поради неговиот мирис. Но токму таа „мирислива“ состојка му дава на лукот лековити својства. Ако сте загрижени за лошиот здив, тоа можете да го решите со џвакање листови од магдонос или зрна кафе.