Техно
Група истражувачи осмислиле нов метод за одредување на положбата на луѓето преку ѕидови. Повеќето домаќинства во развиените земји веќе имаат вај-фај и оваа технологија би можела да се користи за следење на постарите лица или за безбедност во домот.
Истражувачите на универзитетот „Карнеги Мелон“ создале метод за одредување на положбата на повеќе луѓе преку ѕид со анализа на вај-фај сигнали и нивно процесирање со компјутерски алгоритми. Новиот метод се објаснува во истражување.
– Резултатите од истражувањето откриваат дека моделот може да ја процени положбата на повеќе субјекти, на сличен начин како и методите базирани на фотографии, со користење само вај-фај сигнали – пишува во трудот.
Во трудот се објавени и фотографии што ја покажуваат ефективноста на новиот метод. Според истражувачите, вај-фај е поевтин начин за следење на точната локација на луѓето во споредба со традиционалните системи со камери.