Фото: Пиксабеј

Нега и убавина

Манекенката Синди Крафорд (58) е една од убавиците чие име секогаш ќе остане во историјата на манекенството. За нејзиниот успех може да се зборува со денови, но одржувањето на нејзината убавина е секогаш тема што ги интересира сите генерации. Иако веќе навлегува во шестата деценија, никогаш не би можеле да го препознаете тоа гледајќи во нејзиното лице. Според странските медиуми, беспрекорниот изглед на нејзиното лице се должи на смесата што манекенката ја користи од почетокот на кариерата. Таа користи спреј за лице направен од само две состојки – млеко и минерална вода.
Видот на млекото зависи од типот на кожата, обезмастено млеко се препорачува за оние со мрсно лице, а за оние со мешана кожа се препорачува млеко со 2 отсто маснотии или полномасно ако лицето е екстремно суво. Измешајте минерална вода со млеко во сооднос 1:1, односно во еднакви количества. Ставете ја оваа комбинација во шише со распрскувач. Протресувајте го шишето пред секоја употреба и прскајте по потреба.
Како оваа комбинација дејствува на кожата? Многумина го избегнуваат овој совет бидејќи мислат дека лицето ќе им остане лепливо од млекото, но сите оние што го пробале велат дека благодарение на минералната вода сепак не се случува тоа. Придобивките од млекото во негата на кожата се добропознати. Познато е дека дури и египетската кралица Клеопатра го користела за да ги зачува убавината и младоста. Млекото е богато е со есенцијални хранливи материи, има високо ниво на калциум, а денес е многу важна состојка во козметичката индустрија. Млекото содржи млечна киселина што ги чисти длабоките пори и помага против појавата на акни. Тоа со своето антимикробно дејство ги убива бактериите што го поттикнуваат нивното создавање. Исто така, млекото има и навлажнувачки ефект, па често е дел од рецептите за маски за сува кожа. Млекото може да помогне и во стимулирање на производството на колаген, што е многу важно за зачувување на младешкиот изглед и одложување на појавата на брчки, а истовремено ја осветлува кожата и ја прави сјајна.