По завршувањето на 13. издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ следува втората етапа на Патувачкото кино, кое ќе се одржи од 12 до 19 септември, во Преспанскиот Регион, а поддржувачи се Агенцијата за филм и Националната фондација за демократија од Вашингтон.
Во текот на септември, екипата на „Македокс“ ќе работи на нови прирачници за користење на документарниот филм во училиштата. Во декември ќе почне и програмата „Зимски Македокс“, со која онлајн ќе бидат прикажани победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Док араунд Јуроп“.