На неколку локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“, во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ. Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ. Една од улогите во овој филм толкува Сара Климоска. Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот.

Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија. Главен продуцент е српската продуцентска куќа „Зилион филм“ на Лазар Ристовски, а копродуценти се Иван Малоча, преку продуцентската куќа „Интерфилм“ од Хрватска, и Роберт Насков и Александар Поповски, преку „Партизанс“. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.