Хумана страница: За штитениците на домот „11 Октомври“ во Скопје

Здружението на граѓани за култура и уметност „Ан-блок“ од Скопје традиционално, од 1998 година, го реализира проектот „Заедно со вас да ги направиме децата среќни“, кој ги подобрува условите за третирање на најмладите членови на нашето општество во областа на здравствената заштита, на економски, психосоцијален план, во образованието и културата… Интересот за реализирање на активностите во рамките на овој проект, велат од здружението, е сѐ поголем затоа што опфаќа широк спектар од сите сфери на општественото живеење. Интерес за реализација пројавиле многу институции каде што има ранлива категорија деца.

Оваа година здружението „Ан-блок“ го насочило вниманието кон децата што се згрижени во сите мали групни домови и згрижувачки семејства при јавната установа детски дом „11 Октомври“ во Скопје, како и кон вработените во нив.
Генерална цел на проектот е градење самодоверба и инкорпорирање во општествениот живот, а во овие услови на пандемија истиот тој се реализира онлајн, со што на децата им е овозможено ефективно, едукативно и рекреативно користење на слободното време.

Во рамките на проектот, кој финансиски е поддржан од Град Скопје, а во организација на Поликсена Илиоска, претседателка на здружението „Ан-блок“ и професорка по одделенска настава и педагог, се реализираат следните активности:

1. Социјална едукација и градење позитивен однос кон непосредната околина: „Моите миленичиња“. Авторка: Данче Раевска, професорка по правни науки.

2. Значењето на личната хигиена: „Личната хигиена најдобар пријател мој“.
Авторка: Маја Димковска, професорка по одделенска настава.

3. Психосоцијална поддршка наменета за деца без родители сместени во мали групи домови и згрижувачки семејства при домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.
Автор: Мирослав Пендароски, проф. д-р психолог, психотерапевт.

4. Психосоцијална поддршка наменета за лица што работат со деца без родители во мали групи домови и згрижувачки семејства при домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.
Автор: Мирослав Пендароски, проф. д-р психолог, психотерапевт.

5. Здравствена едукација за усвојување практични животни вештини.
Авторка: Елена Шукарова, проф. д-р ендокринолог генетичар.

6. Последици од примена на несоодветен начин на исхрана.
Авторка: Елена Шукарова, проф. д-р ендокринолог генетичар.

7. Правилна исхрана кај децата на предучилишна возраст.
Авторка: Александра Јовановска, асс. м-р специјалист педијатар.

8. Правилна исхрана кај децата на училишна возраст.
Авторка: Александра Јовановска, асс. м-р специјалист педијатар.

9. Едукативна презентација – Вовед во театарската и филмската уметност и презентирање на македонската народна приказна: „Ако ти е судено и царски зет ќе се сториш“.
Авторка: Елизабета Клинчаревска Младеновска, актерка.

10. Презентација на театарската претставата: „Солта поскапа од злато“.
Авторка: Елизабета Клинчаревска Младеновска, актерка.

11. Културите во Република Македонија: „Кај нас празникот вака се одбележува“.
Авторка: д-р Снежана Петреска, професорка по одделенска настава.

12. Колективна хигиена.
Авторка: д-р Снежана Петреска, професорка по одделенска настава.

13. Ликовна едукативна работилница: „Спектар на бои“.
Авторка: Оливера Костадинова, професорка по техничко образование.

14. Ликовна едукативна работилница: „Изработка на оригами“.
Авторка: Оливера Костадинова, професорка по техничко образование.

15. Донирање средства за лична и колективна хигиена. Авторка: Поликсена Илиоска.