Интересна прогноза на Евростат покажува колку долго може човек да очекува да биде активен на европскиот пазар на трудот во текот на неговиот живот. Прогнозите се мерат во години и се однесуваат на лица кои лани имале 15 години. Во просек очекуваниот работен век во ЕУ е 36,2 години, што е за 3,3 години повеќе од 2000 година. Во одделни земји-членки на ЕУ тој се движи од 31,8 години во Италија до 41,9 години во Шведска.
Податоците вклучуваат и неколку земји надвор од ЕУ и нивните бројки се разновидни. На пример, во Турција, 15-годишник може да очекува работен век од 29,4 години, додека во Исланд, 15-годишник може да очекува да работи многу подолго, вкупно 46,3 години. На други места, времетраењето на работниот век се проценува на 42,7 години во Швајцарија и на 39,6 години во Норвешка. Просечниот работен век во Македонија е 32 години.