Книга на познатиот македонски писател за деца Киро Донев, „Јамболлија што лае“, неодамна е објавена во Босна и Херцеговина. Делото од македонски го преведе Жарко Милениќ, а издавач е „Плањакс“ од Тешањ.
Жарко Милениќ е најактивен преведувач од македонски јазик во Босна и Херцеговина, а ова е негов десетти превод. Киро Донев исто така го пофали неговиот превод. Инаку, и Милениќ е писател за деца и склон кон хумор во својата проза, па не му беше тешко да го пренесе на босански разиграниот стил на Донев. Романот „Јамболлија што лае“ го пофали и Бајрузин Хајро Плањац, директор на издавачката куќа „Плањакс“, кој е успешен и нагардуван автор за деца.
Нове Цветановски, директор на „Македоника литера“ од Скопје, издавачка куќа што го објави оригиналното издание, во својата рецензија напиша: „Киро Донев е автор со докажани високи естетски вредности во современата македонска литература за деца“.
„Јамболлија што лае“ е роман во кој животните зборуваат, а главни ликови се домашните миленици – кучето и мачето, но и пензиониран зоолог, неговата сопруга, која е учителка, и нивниот внук. Во овој роман приказна сѐ се случува меѓу сонот и јавето.
Книгата е издадена со помош на македонското министерство за култура.