Радиото Бубамара го обелоденува слоганот за претстојното издание на „Златна бубамара на популарноста“, кој гласи „Да се предадеме!“. Настанот ќе се одржи во ВИП-арената „Борис Трајковски“ на 21 февруари 2019 г.
– Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на „Златна бубамара на популарноста“. Време е „Да се предадеме!“ на музика, смеа и работа.
Откако се оддадовме – на лажење, крадење и неверства, ова е можност за просветлување и воскреснување на надежта. Како народ што си го бара своето, ќе ве чекаме со камшик и шик-пик-миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници. Ве молиме, немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате – за сите вас има по едно „седиште“ во седиштето на „Златна бубамара на популарноста“. Од нас добивте 22 години, па кој ви има дадено повеќе – велат од радио Бубамара.