Излезе од печат втората книга на Миле Новески со наслов „Патеписи“

Откако во октомври 2023 година ја издаде својата прва книга наречена „Кичево на пет континенти“, деновиве од печат излезе и второто книжевно дело на Миле-Мајкл Новески со наслов „Патеписи“. Во оваа книга авторот Новески на 180 страници, на сликовит начин ги обележал своите патувања и престој во над 50 земји од светот. Книгата наскоро ќе ја доживее и својата...

Филипче со уште еден апел за лидерска средба

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска уште еднаш упати апел за лидерска средба на која, како што рече, би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања. Филипче во „Само интервју“ на Канал 5, оцени дека пораз на Владата е тоа што во Европскиот парламент беше изгласан Извештајот за напредокот на Македонија без македонски...

Вкупно 20 пожари на отворен простор се евидентирани до 18 часот

Вкупно 20 пожари на отворен простор се евидентирани до 18:00 часот. Под контрола е ставен пожарот во дојранското село Николиќ, а активни се четири пожари: кај велешките села Џидимирци и Крушје, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во општина Македонски Брод, во општина Чучер-Сандево – над црквата „Св.Троица“ кај село Чучер и во кумановското село Пчиња. Како што соопшти...

Владата ќе основа Мултифункционален научно-технолошки парк

Владата на денешната седница ја усвои Информација за отпочнување активности за основање Мултифункционален научно-технолошки парк, чија цел е поттикнување постојан раст преку вклучување на знаење, иновации и технологија за создавање производи и услуги со висока додадена вредност, конкурентни на меѓународните и домашните пазари. Како што информира владината прес-служба, согласно претходно направената анализа е утврдено дека техничкиот кампус на Универзитетот „Св....

Дополнително финансирање за регионалниот проект за управување со цврст отпад од ЕБОР

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, евроамбасадорот Михалис Рокас и претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Билјана Милошеска денеска потпишаа грант договор како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан. Грантот, во вредност до 2 милиона евра, е наменет за спроведување...

Фицо против нови санкции кон Русија

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека неговата влада побарала одложување на гласањето за 18-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија, тврдејќи дека сегашниот предлог на Европската комисија е „несоодветен“ за интересите на Словачка. Фицо објави писмо од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Фејсбук и рече дека другите политички лидери во земјата го отфрлиле. Во писмото се...

Два проекти за подобрување на животната средина и јавната инфраструктура во Прилеп

Општина Прилеп обезбеди средства за реализација на два нови проекти, одобрени преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година. - Првиот проект „Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“ доби финансиска поддршка во износ од 2.500.000 денари преку Повикот за развој на урбаните подрачја и одржлив...

Интензивно се работи на значително зајакнување на јавното здравство

Интензивно се работи на значително зајакнување на јавното здравство преку системска реконструкција, доградба и изградба на здравствени објекти, со цел обезбедување подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал, но и унапредување на квалитетот на здравствените услуги низ целата држава, соопшти Министерството за здравство. - Во Штип, се планира целосно продолжување на изградбата на Клиничката болница, откако Министерството го раскина претходниот...

До крајот на денот пожарот во Дојран ќе биде ставен под контрола, очекува Ангелов

Од вкупно пријавени девет пожари на отворен простор ширум земјава, пет пожари се активни и тоа пожарот во општина Дојран кај селото Николиќ, кај велешкото село Крушје, пожарот во општина Македонски број помеѓу селата Црешево, Локвица, Карпа и Слатина, понатаму пожарот во општина Гази Баба кај селото Раштак кон Љуботен, како и пожарот во општина Сарај. Како што информираа денеска...

Осомничениот за напад врз Арсовска од куќен оди во затворски притвор

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство и донесе одлука со која мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ., инволвиран во нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се заменува со мерка притвор. Како што соопштуваат од Кривичен суд, одлуката следува откако судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и...