Рекордно високите цени на храната во Источна Европа, причина за расправа во Европскиот парламент
Хрватската европратеничка Билјана Борзан иницираше расправа во Комисијата за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите при Европскиот парламент, со фокус на рекордно високите цени на храната во Источна Европа, јави ХИНА.
- Според последниот Евробарометар, мнозинството граѓани на ЕУ ги сметаат инфлацијата и сиромаштијата за најголеми проблеми. Ова е особено изразено во источноевропските земји, каде што поскапувањето на храната е...
АМСМ: Во прекин сообраќајот на автопатот Скопје-Куманово
Сообраќајот на автопатот Скопје-Куманово, Куманово-Скопје е во прекин, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија.
Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување, причина за затворањето е сообраќајка заради која имало густ чад кој го отежнувал сообраќајот.
Владата на Велика Британија го намалува прагот за гласање: 16-годишниците ќе имаат право на глас
Британската Влада објави сеопфатни реформи во изборниот систем, меѓу кои најголемата новина е можноста 16-годишниците да гласаат на следните парламентарни избори, што е првпат на национално ниво во Обединетото Кралство.
Овој потег е дел од планот на владејачката Лабуристичка партија за модернизација на демократијата, а веќе се применува во изборите во Шкотска и Велс.
Покрај оваа мерка, се предлага и автоматска...
Со 135 милиони денари ќе се реализираат три капитални инфраструктурни проекти во областа на образованието во три општини
Со 135 милиони денари ќе се реализираат три капитални инфраструктурни проекти во областа на образованието во исто толку општини, со што ќе се подобрат условите за настава на учениците, како и за работа на наставниците, соопшти Министерството за образование и наука.
Министерката Весна Јаневска денеска во Владата потпиша договори со градоначалниците на Кисела Вода, Битола и Валандово кои поднеле апликации...
Фото: Силен ветер во Скопје и Куманово предизвика искрење на жици од кои избија неколку пожари
Центарот за управување со кризи информираше дека силниот ветер во Скопје и Куманово, попладнево предизвикал искрење на жици поради кои се предизвикани неколку пожари.
- Поради ветер кој го зафати подрчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари. Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце,...
Изгласани измените на Законот за возила, се олеснува процесот на регистрирање на возила
Пратениците денеска на продолжението на 59. седница без расправа со 64 гласа „за“ без воздржани и против го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка.
Со законските измени се олеснува процесот на регистрирање на возилата, така што им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на...
Обвинителство поведе истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик, информираа од ОЈО.
Како што се вели во соопштението, на 11 јули во селото Батинци, осомничените заедно и по претходен договор, со...
Владата ќе обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
Владата денеска потпиша договор со 49 општини за трајно користење без надомест на напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL, во вкупна вредност од 1.000.000 евра.
Оваа иницијатива е дел од заложбите за подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на последиците од аерозагадувањето, особено во јавните објекти во кои престојуваат најосетливите категории на граѓани, децата...
Никола Ристановски се закити со престижната „златна арена“ за улогата во „Меѓу боговите“
Исклучителен успех за нашиот актер на Филмскиот фестивал во Пула
На првенецот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски, на престижниот Филмски фестивал во Пула му беше врачена престижната награда „златна арена“ за споредна машка улога во филмот „Меѓу боговите“ во режија на Вук Ршумовиќ. За истиот филм со „златна арена“ за главна женска улога се закити и неговата партнерка во...
Светлана Мојсов добитник на Светската Награда на хуманизмот за 2025 година
Добитник на Светската награда на хуманизмот за 2025 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св.Климент на сите светски меридијани, е Светлана Мојсов, професор на Универзитетот Рокфелер во САД, родена во Скопје 1947 година, за нејзиниот придонес во современата медицинска наука, особено за нејзините структурални биохемиски откритија и ендокринолошки достигнувања во развивањето на ефективни лекарства...









































