Полицијата со засилени контроли против присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ
Секторот за внатрешни работи-Струмица преку засилени контроли ќе проверува присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ, точење алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика, соопштија од струмичката полиција.
- Ваквите интензивни мерки и активности се преземаат поради зголемената раздвиженост во угостителските објекти, пред се во кафулињата, на летните тераси и во дискотеките во кои, по започнување на училишниот...
Хан: ЕК веднаш ги почнува подготовките за скринингот
Европската комисија(ЕК) веднаш ги почнува подготовките за скрининг процесот за Македонија и Албанија кои добија условен датум за почнување на преговорите во средината на идната година, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Радио Слободна Европа.
Еврокомесарот Хан вели дека со одлуката на Советот за општи работи Комисијата има зелено светло да ги почне подготовките со цел да...
Северна не е исто што и скандинавска
Ова што сега го добивме, а што, се разбира, веќе денеска или утре, на самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ во Брисел, би можело да биде потврдено или коригирано, е условен датум за почеток на преговори. Што никако не е причина за еуфорија. Голем дел од експертската и пошироката јавност, за разлика од еуфоричарите, длабоко е...
Претставата „Немам каде да се вратам“ премиерно во кино „Фросина“
Претставата „Немам каде да се вратам“ на групата за перформанс Кунстверкштат при Младинскиот образовен форум премиерно ќе биде изведена вечер во кино „Фросина“ во Младински културен центар.
Станува збор за претстава за талкањето на сириските бегалци. Дејството се случува во еден од бегалските кампови во Македонија и откако ликовите ќе се соочат со своите задоцнети бури, продолжуваат по својот пат...
САД подготвува воена база во Тексас за сместување илегални имигранти
Министерството за внатрешна безбедност на САД, бара на територија на воена база да бидат подготвени места за сместување 12.000 илегални имигранти со нивните семејства, вклучувајќи и деца, приведени во момент на нелегално преминување на јужната граница на државата, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори во администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Според извор, првите 2.000 места ќе се подготват во...
ОН со повик до ЕУ за решение на мигрантската криза во Медитеранот
Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Меѓународната организација за миграции (МОМ) ја повикаа Европската унија да најде заедничко решение и нов пристап за мигранската криза во Средоземното Море.
Двете агенции на светската организација се обратија до земјите-членки на ЕУ да се договорат за заеднички мерки кои „драстично ќе намалат неразумна загуба на човечки животи во морето".
-Во изминатите 10 дена...
Сообраќајот по една лента на првиот тунел кај Демир Капија
Поради работни активности на тунелот 1 - Демир Капија од десна страна, на правецот Скопје-Гевгелија, во периодот од 10 до 11 часот претпладне, сообраќајот на патот ќе се одвива по левата коловозна лента.
Во тек на работните активности, ќе биде намалена и брзината на движење на 40 километри на час, соопшти Автомотосојузот на Македонија пренесувајќи информација од контролниот центар Неготино.
Модернизација на млекопроизводството во Пелагонија
Лактофризери, роло-балирачка, миксер за сточна храна и бокс за кастрење копита на крави - дел од оваа нова, современа опрема ќе биде достапна за околу 50 фарми во Пелагонија со цел унапредување и модернизација на млекопроизводството.
Опремата ја набави Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во соработка со компаниите „Здравје Радово“, „Екошар“, „Сано“ и „Маранчо“, а ќе биде...
Нови рочишта за „Титаник 3“ и „Трезор“
Нови рочишта во Кривичниот суд денеска ќе се одржат за предметите на СЈО „Титаник 3“ и „Трезор“.
Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“.
Обвинетите на претходните рочишта кажаа дека го разбираат обвинението што го презентира обвинителката Фатиме...
Второ пријавување за упис во средните училишта
Во јавните средни училишта во кои останаа слободни места, денеска ќе се спроведе второ пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2018/2019 година.
По првото пријавување на 18-ти и 19 јуни, Министерството за образование и наука соопшти дека за второто пријавување слободни се вкупно 24.086 места, од кои за гимназиско образование 6.068 и...






































