Нуров освои златен, а Митров бронзен медал
Нуров супериорно стигна до триумфот за злато, а Митров со исцрпувачка борба до бронзата, со што во борење слободен стил вкупно Македонија од сите медитерански игри има 32 медали во тој спорт
Зоран Михајлов
специјално од Тарагона за „Нова Македонија“
Борачите ја продолжуваат традицијата на освојување медали на Медитеранските игри (МИ). Тие беа наши најуспешни спортисти на Игрите уште во минатото, кога...
„Највозрасната“ Аргентина со судни маки во нокаут-фазата
Аргентина, предводена од Лионел Меси успеа да ја совлада Нигерија со 2-1 и да се пласира во осминафиналето на фудбалското Светско првенство (СП) во Русија и ќе игра со Франција в сабота во Казањ. За пласманот на „гаучосите“ во следната рунда заслужни се и Хрватите што го победија Исланд со идентични 2-1. Следен противник на Хрватска е Данска.
Меси блесна...
Една четвртина од головите се од пенал, автогол и од слободен удар
На фудбалското Светско првенство (СП) во Русија, пред вчерашните натпревари беа постигнати 105 гола, а само еден меч заврши со резултат 0-0. Во просек по натпревар се постигнуваа по 2,63 гола, а во тоа предничеа играчите што играат во шпанската Ла лига со 24 гола, еден повеќе од тие од англиската Премиер-лига.
По клубови, напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е...
Син со нож го прободел својот татко
Битолчанец на 50-годишна возраст вчера бил прободен со нож од неговиот осумнаесетгодишен син при семејна расправија.
Како што соопшти МВР, во 14:15 часот било пријавено дека во Битола на булеварот „1-ви Мај“ при семејна расправија К.Ѓ. со нож го прободел својот татко А.Ѓ. во пределот на грбот. А.Ѓ. бил пренесен во Клиничката болница во Битола, но поради сериозноста на повредите...
Две деца избодени со нож пред училиште во Шангај
Две деца се убиени кога 29-годишен маж со нож нападнал три момчиња и една жена во близина на училиште во Шангај, соопшти локалната полиција.
Безбедносните служби преку кинеската социјална мрежа Сина Веибо објавија дека е извршен напад, во кој две деца починале во болница. Во истата порака се наведува и дека животите на жената и момчето кои го преживеале нападот...
Со „мечта“ до исполнување на мечтите
„Адидас“ ја објави официјалната топка со која ќе се игра нокаут-фазата на Светското првенство (СП) во фудбал во Русија. Топката го носи име „телстар мечта“, која има нов живописен црвен дизајн, инспириран од боите на земјата домаќин. Името „мечта“ на руски јазик значи „сон“ или „амбиција“ и е направена со исти дизајн-елементи како „телстар 18“, топката што беше користена...
Турција ја укинува вонредната состојба
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговите партнери во владата се договорија да не ја продолжуваат вонредната состојба во земјата, која истекува во јули, пренесува провладиниот медиум „Сабах“.
Вонредната состојба беше воведена по неуспешниот државен удар во 2016 година и беше продолжувана на секои три месеци.
Ердоган претходно месецов изјави дека таа ќе биде укината ако победи на изборите, кои се...
Најмалку 15 загинати во пожар во маркет во Најроби
Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четири деца, а 70 се повредени во пожар во голем маркет во главниот град на Кенија, Најроби, соопштија полицијата.
- Пожарот го зафатил Гикомба Маркет и се проширил на куќи во близина - нагласи Кангете Туку, шеф на регионалната полиција во Најроби.
- Досега се евидентирани 15 жртви - изјави тој за локални...
ОН: Лани ширум светот во вооружени конфликти убиени или осакатени над 10.000 деца
Над 10.000 деца биле убиени или осакатени во вооружени конфликти ширум светот минатата година, други биле принудени да станат борци или се уапсени при напади врз училишта и болници, покажуваат податоците на ОН.
Во 2017 година биле регистрирани над 21.000 нарушувања на правата на децата, што е голем скок во споредба со претходната година, се наведува во годишниот извештај...
И Грците бараат референдум за Договорот од Преспа
Префектурите и општините од северниот дел на Грција бараат да се распише референдум во земјата за Договорот од Преспа, „за да им се даде на граѓаните законското право да го одобрат или отфрлат“.
На вчерашниот проширен состанок во Солун, организиран од Регионалниот совет на Централна Македонија, со присуство на градоначалници и претставници на општинските совети од грчката област Централна Македонија,...






































