Турција ја укинува вонредната состојба
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговите партнери во владата се договорија да не ја продолжуваат вонредната состојба во земјата, која истекува во јули, пренесува провладиниот медиум „Сабах“.
Вонредната состојба беше воведена по неуспешниот државен удар во 2016 година и беше продолжувана на секои три месеци.
Ердоган претходно месецов изјави дека таа ќе биде укината ако победи на изборите, кои се...
Најмалку 15 загинати во пожар во маркет во Најроби
Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четири деца, а 70 се повредени во пожар во голем маркет во главниот град на Кенија, Најроби, соопштија полицијата.
- Пожарот го зафатил Гикомба Маркет и се проширил на куќи во близина - нагласи Кангете Туку, шеф на регионалната полиција во Најроби.
- Досега се евидентирани 15 жртви - изјави тој за локални...
ОН: Лани ширум светот во вооружени конфликти убиени или осакатени над 10.000 деца
Над 10.000 деца биле убиени или осакатени во вооружени конфликти ширум светот минатата година, други биле принудени да станат борци или се уапсени при напади врз училишта и болници, покажуваат податоците на ОН.
Во 2017 година биле регистрирани над 21.000 нарушувања на правата на децата, што е голем скок во споредба со претходната година, се наведува во годишниот извештај...
И Грците бараат референдум за Договорот од Преспа
Префектурите и општините од северниот дел на Грција бараат да се распише референдум во земјата за Договорот од Преспа, „за да им се даде на граѓаните законското право да го одобрат или отфрлат“.
На вчерашниот проширен состанок во Солун, организиран од Регионалниот совет на Централна Македонија, со присуство на градоначалници и претставници на општинските совети од грчката област Централна Македонија,...
Еволуција или револуција
Потребно е да се има намера - желбата не е таа што води до остварување на целта, намерата е таа што ве води до таа цел. Желбата е насочена кон самата цел, а намерата, пак, кон патот до целта. Затоа не оптоварувајте се со целта, туку уживајте на патот до неа, бидејќи ако уживате во целиот процес до остварување...
Грција подготвена за зделка со Германија за враќање кандидати за азил
Грчкиот премиер Алексис Ципрас е подготвен да склучи договор со германската канцеларка Ангела Меркел, да се направи полесно Германија да враќа кандидати за азил во други европски држави. Со тоа, Меркел добива важна поддршка пред решавачката средба на врвот на ЕУ оваа недела, објави Фајненшал тајмс.
Грчкиот премиер во интервју за британскиот весник вели дека е отворен за специјален договор...
Лев останува селектор на Германија
Јоаким Лев ќа ја задржи селекторската функција во германската фудбалска репрезентација и покрај разочарувачкиот настап на Светското првенство во Русија.
Ова го изјави Оливер Бироф, генералниот менаџер на репрезентацијата.
- Сите сме разочарани. Чувствуваме огромна фрустрација. Ја имавме судбината во своите раце и покрај лошиот старт на Мундијалот. Јоаким неодамна потпиша нов договор и претпоставувам дека тој ќе ја продолжи својата...
Датум без датум
И не само Владата туку многумина во Македонија очекуваа дека решавањето на билатералните спорови, договорот за добрососедство со Бугарија и договорот со Грција, ќе биде препознаено и поддржано со покана од НАТО и датум за преговори од ЕУ
Во периодот на големи очекувања за интеграциите на Македонија во НАТО и во ЕУ, по склучувањето на договорот со Грција, на прагот...
Полицијата со засилени контроли против присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ
Секторот за внатрешни работи-Струмица преку засилени контроли ќе проверува присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ, точење алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика, соопштија од струмичката полиција.
- Ваквите интензивни мерки и активности се преземаат поради зголемената раздвиженост во угостителските објекти, пред се во кафулињата, на летните тераси и во дискотеките во кои, по започнување на училишниот...
Хан: ЕК веднаш ги почнува подготовките за скринингот
Европската комисија(ЕК) веднаш ги почнува подготовките за скрининг процесот за Македонија и Албанија кои добија условен датум за почнување на преговорите во средината на идната година, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Радио Слободна Европа.
Еврокомесарот Хан вели дека со одлуката на Советот за општи работи Комисијата има зелено светло да ги почне подготовките со цел да...






































