Скопје ќе донира „пајаци“ на Охрид и Штип

Град Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе донираат специјално возило „пајак“ на Охрид и Штип. Донацијата за општина Охрид се состои од специјално товарно возило со дигалка „пајак“, марка Мерцедес, произведено во 1991 година, со хидраулична телескопска дигалка марка Вестроспрем од 2009 година. Донацијата за општина Штип ќе биде наменета за Јавното претпријатие за одржување на улици и патишта и...

Нападнати момчиња во Дебар, едно потешко повредено

Пет лица ноќеска, во  2:50 часот, физички го нападнале  Г.Е.(20), кој бил со неговите другари Ч.Б.(19) и О.А.(21) сите од Дебар. Како што информира МВР, нападот се случил на  улицата „8 Септември“ во Дебар. На Г.Е. му била укажана лекарска помош во Медицински центар-Дебар од каде бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во 3:40 часот во Полициската станица Дебар сами се пријавиле лицата...

Меј: Трамп ме советуваше да ја тужам ЕУ

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја советувал да ја тужи Европската унија во рамките на стратегијата за Брегзит. - Тој ми рече дека треба да ја тужам ЕУ, а не да преговарам - изјави Меј за Би-Би-Си. Трамп во петокот на заедничката прес-конференција со Меј рече дека на британската премиерка и дал предлог, не прецизирајќи...

Исчезнато 12-годишно дете од Скопје

Дванаесетгодишно дете од Скопје вчера околу 12 часот исчезнало од семејната куќа и заминало во непознат правец. Како што соопшти МВР, случајот во Полициското одделение „Петровец“ го пријавила мајката на детето,  Б.И.(39) од Скопје. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на момчето.

Ограбена црквата „Св. Петка“ во Луковица

Околу 3.500 денари штета предизвикале засега непознати сторители по тешката кражба извршена во засега точно неутврдено време изминатата седмица во црквата света Петка во селото Луковица, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци случајот бил пријавен вчера околу 14 часот од страна на Л.М.(64) од Луковица. Според неговата пријава што подоцна било потврдено со полицискиот увид сторителите...

Украинец ограбен на бензинска пумпа

Украинец бил ограбен ноќта петок кон сабота на бензинска пумпа во близина на Градско, соопшти полицијата. Според истиот извор, Р.Л.(38) од Украина пријавил дека ноќта околу 3 часот, на бензинска пумпа во близина на Градско, додека бил паркиран и одморал во неговото комбе „Рено Трафик“ со национална ознака на Украина, од страна на непознат сторител одземена му е чанта во...

Скопјанка нападната оти држела транспарент со анти-нато порака

Дваесет и шестгодишна скопјанка синоќа била физички нападната на прославата по повод поканата на НАТО, што се одржа во скопскиот Градски парк. Како што соопшти полицијата, В.Џ.(26) од Скопје пријавила дека околу 21.10 часот во Градски Парк во Скопје додека имало прослава била физички нападната од непознато машко лице додека била со неколку незини пријатели држејќи платно со порака пред...

Еден загинат во сообраќајка на патот Битола-Демир Хисар

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Битола-Демир Хисар, после село Лисолај. Во несреќата учествувале земјоделска машина трактор „Интернационал“ со битолски регистрски ознаки управуван од Б.П.(39) од село Доленци и товарно моторно возило „Сканија“, исто така со битолски ознаки управувано од П.И.(43) од Демир Хисар.  Во незгодата на местото на настанот починал Б.Т.(52) од Битола,...

Коутс: Можен е голем и разорен напад врз САД

Директорот на Националните разузнавачки служби на САД Ден Коутс предупреди дека заканата од кибер-напади врз САД се зголемува и оти „црвените светла повторно се палат“, речиси две децении по нападите на 11 септември 2001 година, јави Гласот на Америка. - Русија, Кина, Иран и Северна Кореја секојдневно напаѓаат компјутери во федерални, државни или локални владини агенции, корпорации и академски институции...

Трансексуалец ќе се бори за Мис Универзум 2018

Во трката за круната на Мис Универзум, ќе биде вклучен и трансексуалецот Анxела Понсе од Шпанија. Дваесет и шестгодишната Понсе веќе победи на „Мис Шпанија 2018“ во изборот на кој учествуваа уште 22 ривалки. Мис Универзум ќе се одржи на Филипини во декември. Преку Инстаграм Анхела побара повеќе почит за разновидноста во општеството. Трансексуалците за првпат добија дозвола да учествуваат на избор за...