Објавени претседателски декрети со кои се реструктуираат главни институции во Турција
Турција објави претседателски декрети со кои се реструктуираат основни политички, воени и административни институции, како дел од трансформацијата кон силна извршна претседателска власт.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот стапи на должност и сега има големи овластувања кои му дозволуваат да овјавува декрети и да назначува и разрешува високи државни службеници.
Турскиот службен весник денеска објави седум декрети кои се...
Сампаоли повеќе не е селектор на Аргентина
Хорхе Сампаоли повеќе не е селектор на аргентинската фудбалска репрезентација, откако со челниците на Аргентинскиот фудбалски сојуз договори раскин на договорот, што на 58 годишниот тренер ќе му донесе два милиони долара, јавија денеска аргентинските медиуми.
Сампаоли имаше договор со Сојузот до 2022 година, а официјалното раскинување на договорот би требало да се случи утре.
Под негово водство Аргентина успеа да...
Анѓушев: Референдумот мора да успее
Граѓани да го поддржат референдумот. Тој мора да успее зошто Македонија нема друга опција за просперитет и светла иднина. Ваква порака упати вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев синоќа од прославата за поканата за членство во НАТО од Велес.
- Ние 25 години гледаме што се случува бидејќи толку години тапкаме во место и сметам дека е време да тргнеме...
Протести пред полициска станица во Чикаго, четворица уапсени
Група лути граѓани се собраа пред полициска станица во Чикаго откако полицаец уби маж во јужниот дел на градот.
Шефот на полицијата Фред Волер изјави дека мажот бил застрелан откако полициска патрола се обидела да го испраша поради „испакнатина околу неговата половина“ , мислејќи дека е вооружен, по што мажот станал агресивен и се обидел да се ослободи од полицајците.
-...
Меј ги повика сопартијците да не го изложуваат Брегзит на ризик
Британската премиерка Тереза Меј во статија за весникот „Меил он сандеј“ ги предупреди членовите на владејачката Конзервативна партија дека можеби нема да се стигне до Брегзит ако го попречуваат нејзиниот план за излез од ЕУ.
- Мојата порака до земјата овој викенд е едноставна: целта не треба да ја испуштаме од поглед. Ако не го спроведеме, ризикуваме да останеме без...
Инфантино: Ова е најдоброто светско првенство во историјата
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и се заблагодари на Русија за организацијата на Мундијалот за кој рече дека била на највисоко ниво.
- Ова првенство покажа дека Русија е навистина фудбалска земја. Ви благодарам, Русија, за организацијата на најдоброто Светското првенство во историјата - изјави Инфантино.
Мундијалот во Русија почна на 14 јуни и завршува денеска со финалето меѓу Хрватска и...
Германците го сметаат Трамп за поголема закана за мирот од Путин
Речиси две третини од Германците сметаат дека американскиот претседател Доналд Трамп е поголема закана за светскиот мир отколку рускиот претседател Владимир Путин, покажа истражувањето во пресрет на средбата на овие двајца лидери.
Трамп и Путин утре ќе се сретнат во Хелсинки, на разговори кои имаат за цел да ги зајакнат односите меѓу двете земји.
Мнозинството од вкупно 2.052 испитаници на анкетата...
Куба преку уставни промени воведува функција премиер
Куба објави нови детали за плановите за реформа на Владата, судството и економијата, со уставни промени кои националното собрание треба да ги одобри овој месец.
Со реформа на Уставот од 1976 година ќе се воведе функцијата премиер, со што ќе се одвојат улогите на шефот на Владата и шефот на државата.
Комунистичката партија ќе остане единствената политичка сила во земјата и...
Дебитантски настап на Руни во МЛС
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Евертон, напаѓачот Вејн Руни, го одигра својот прв натпревар во американската МЛС лига.
На дебито, неговиот тим ДС Јунајтед го победи Ванкувер со 3:1, а Руни влезе од клупата за резервни фудбалери во 58.минута.
Средбата се одигра ноќеска во Вашингтон пред околу 20 илјади гледачи.
Англичанец(32) минатата сезона на 40 натпревари за Евертон постигна 11 гола...
Експлозија во зграда во Газа, двајца загинати
Двајца Палестинци загинаа, а еден е повреден во експлозија во една зграда во Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Причината за експлозијата, која се случи само неколку часа по прекинот на огнот договорен меѓу Израел и палестински групи во појасот Газа, сè уште не е позната.
Министерството за здравство прецизира дека загинале татко и син.







































