Путин: Мундијалот помогна за уривање на митовите и предрасудите за Русија

Светското првенство во фудбал во Русија успешно ги разби антируските митови и предрасуди, изјави рускиот претседател Владимир Путин на отворање на гала концерт во Бољшој театарот. - Русија опсежно и одговорно се подготвуваше за првенството и искрено ни е драго што беше успешен и обедини милиони луѓе - рече Путин и додаде дека руските напори ги пофалиле и спортистите, и...

Завршува 45. Галичка свадба

Со изведување на свадбените ритуали и со венчавката на младенците  Тања Лепческа, со потекло од Галичник и Златко Димовски во  храмот „Св. Апостол Петар и Павле“, денеска завршува традиционалната  Галичка свадба, една од најспектакуларните културни манифестации во земјата. Лепческа од својата петта година учестува на манифестацијата, а Димовски вели дека е подготвен и добро ги совладал обичаите карактеристични за Галичката свадба. Месната заедница „Галичник“...

СП 2018: Хрватска и Франција во борба за тронот

Репрезентациите на Хрватска и на Франција денеска во Москва ќе играат во финалето на Светското фудбалско првенство. Франција во мечот влегува како фаворит, и поради позвучните имиња, и поради поодморените фудбалери, за разлика од хрватските кои до финалето одиграа три натпревари на продолженија. Сепак, „коцкестите“ најавија реванш за поразот од „триколорите“ на СП 1998 кога Франција беше домаќин и победи во...

Сончево и топло време

Сончево со мала облачност, попладне на северозапад има услови краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 25 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Прослава во Градски парк по повод поканата на НАТО

Вечерва во Градскиот парк во Скопје се одржува прослава по повод поканата за зачленување на Македонија во НАТО. Пред присутните настапуваат групата „Архангел“, Кирил Џајковски и Kepurdhat. Освен во Скопје, прослави по истиот повод се одржуваат уште во 14 македонски градови.

Ѓоковиќ: За ова се живее

Најдобриот српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше среќен што по драматичен меч со Шпанецот Рафаел Надал влезе во финалето на Вимблдон. - За овие мечеви се живее. Среќен сум што го пребродив периодот на повреди и се вратив на ваков начин. Малку време имав за одмор. Јас сум толку среќен што успеав да победам и да стигнам до финалето, изјави Ѓоковиќ. Србинот...

Заев: Македонија има причина да слави, дочекавме големи настани

Премиерот Зоран Заев од Битола, каде присуствува на прославата по повод добивањето покана за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО, порача дека Македонија има причина да слави.  Тој смета дека тоа што го направи Македонија за само една година е успех за сите без разлика на политичката определба. – Имаме зошто да славиме и да се издигнеме над делбите....

Тимоние: Годината за Македонија плодна, надежи дека следната повторно ќе прославуваме

Годината за Македонија сигурно беше плодна со оглед на големиот број започнати активности и успешното продолжување по патот кон НАТО и ЕУ. Сепак, останува уште многу да се направи и се надеваме дека следната година повторно ќе прославуваме за нови решавачки чекори по една година конкретни реформи и интензивни подготовки. Ова го истакна францускиот амбасадор Кристијан Тимоние по повод Националниот...

Џолев: Правени се поголеми опструкции со АКМИС системот отколку неевидентираните 860 предмети

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев вели дека се правени многу поголеми опструкции со АКМИС-системот отколку оние во делот на неевидентираните 860 предмети. - Најмногу се зборува околу тие 860 предмети иако проблемот е најмалку во нив. Во овој момент, да ви дадам како информација, многу поголеми како да кажам по мое видување опструкции се правени со АКМИС-системот отколку тие...

Филипче од Охрид: Историски момент за Република Македонија

Охрид е меѓу првите градови каде веќе се одржува прославата „Македонија во ЕУ и НАТО“ организирана од Владата во 15 градови низ земјата по повод добивањето покана за пристапни преговори за членство во Северноатлантската алијанса. Меѓу присутните граѓани беше и министерот за здравство Венко Филипче, пратениците од Охрид во Собранието од редовите на владејачката СДСМ, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски,...