Независни Грци до Коѕијас: Ние сме против употребата на терминот Македонија од соседната земја
За интервјуто на Коѕијас во германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, реагира портпаролот на Независни Грци и објаснува дека ставот на владата официјално го изразува владиниот портпарол, а сè друго се лични проценки, јави дописничката на МИА од Атина.
-Во прашањето за нацрт договорот од Преспа и за процесот на гласање, кога ќе дојде и ако дојде во грчкиот парламент, постоеше...
Нормализиран сообраќајот на патот Куманово-Свети Николе
Нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Куманово- Свети Николе кај месноста Мездра, откако претходно беше во прекин поради сообраќајна незгода.
Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот од 13:30 беше во прекин во двата правца.
Откорната бистата на херојот Панде Кајзеро во Битола
Доцна синоќа, или рано изутрина, засега непознати лица ја отстранија бистата на народниот херој Панде Кајзеро во Битола.
Бистата, која е поставена на спомен обележјето во дворот на колонијалната продавница во Месната канцеларија, била отстранета од споменикот и оставена на земја.
Засега непознатите лица, кои ја отстраниле бистата на излозите на продавницата и месната канцеларија ...
Во пулската Арена денеска наместо филмови, ќе се гледа фудбал
Финалето од Мундијалот 2018 меѓу Хрватска и Франција ќе биде пренесувано во Арената во градот Пула. Градоначалникот на хрватското туристичко гратче Борис Милетиќ и им се заблагодари на Министерството за култура и Филмскиот фестивал во Пула кои одобрија, наместо филмови денес да се прикажува фудбал во живо од Москва.
За Хрватите денешниот натпревар (17 часот) е историски, бидејќи тие за...
Намалена смртноста на новороденчињата
Од 26 на 17 проценти е намалена смртноста на новороденчињата во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период минатата година. Македонија во моментов има регионален рекорд на преживеано новороденче родено во 23. недела и три дена.
На Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека од вкупно 82 предвремено родени, починати...
Анкета: Нова демократија со предност пред Сириза
Главната опозициска партија во Грција има осум проценти предност пред владејачката левичарска партија, покажа најново истражување на јавното мислење објавено во „Весникот на уредниците“.
Истражувањето, спроведено од „ПроРата“, покажа дека ако сега се одржат избори, Нова демократија ќе добие 35 отсто од гласовите, наспроти 27 проценти кои би гласале за Сириза.
Централно-левичарското Движење за промени би добило 14 отсто, а следуваат...
Коѕијас: Договорот без проблеми ќе помине во грчкиот парламент
Убеденост дека Договорот од Преспа без проблеми ќе добие зелено светло од пратениците во грчкиот парламент, па дури и од некои од Независни Грци, изразува шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
- Договорот со Северна Македонија, во секој случај ќе помине во Парламентот. Но, сакам да го разјаснам следното: се стремиме кон...
Украинец почина во Турција откако беше претепан од Русин за време на натпреварот Хрватска – Русија
Еден граѓанин на Украина починал во Анталија, откако бил претепан од руски насилници. Украинскиот турист од Запорожје една недела беше во кома.
Како што објавија од „Интерфакс-Украина“, жител на Запорожје почина во сабота околу 10 часот. Украинецот претрпел сериозни повреди откако пред хотелот во градот Аланија, провинција Анталија, бил претепан од руски државјанин.
Според информации, конфликтот меѓу украинскиот државјанин и...
Франција или Хрватска?
Кој ќе биде новиот светски првак во фудбал, Франција или Хрватска? Кој ќе го подигне славеничкиот пехар во Москва? Тоа е најчестото прашање кое сега сe поставува меѓу љубителите на фудбалот ширум светот. Одговорот ќе биде познат по денешниот финален натпревар кој започнува во 17 часот на стадионот „Лужники“ во Москва. Размислувања се различни, некој ја фаворизираат Франција, некои Хрватска, најпријатното изненадување...
Ахмети: Можно е законот за јазици и Договорот со Грција да стапат во сила заедно
Лидерот на ДУИ Али Ахмети за тиранската телевизија „Ора њус“ изјави дека се работи на стратегија чија цел е конечно да стапи во сила законот за јазиците, а непотпишувањето од страна на претседателот Ѓорге Иванов го оценува како негова голема грешка.
- Употребата на јазиците може да се очекува и ратификува, но мислам дека постои важен момент, дури и заедно во...







































