Франција ја освои титулата светски фудбалски првак
Француската фудбалска репрезентација денеска во финалето на Мундијалот ја совлада Хрватска со 4:2 и по вторпат ја освои титулата светски првак.
Хрватите добро го започнаа првото полувреме, имаа контрола врз топката и вршеа притисок врз францускиот гол. Но, по еден прекршок во 18 –тата минута на работ на шеснаесетникот на Хрватска, Гризман нафрли, а во скокот лошо реагираше Марио Манџукиќ...
Обама во приватна посета на Кенија
Поранешниот американски претседател Барак Обама пристигна во Кенија, земјата на неговите предци. Ова е негова прва посета на таа земја откако ја напушти претседателската функција.
За време на посетата, Обама ќе и помогне на полусестрата Аума Обама, која има фондација „Саути Куу“, да отвори спортски центар.
Не се очекува неговата посета да привлече големо внимание во главниот град Најроби, за разлика од неговите...
Ѓоковиќ ја освои титулата на Вимблдон
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Вимблдон, совладувајќи го Кевин Андерсон од ЈАР со 3:0 во сетови(6:2, 6:2, 7:6).
Ѓоковиќ во првите два сета одигра одличен тенис, искористувајќи ги сите брејк шанси, но Андерсон во третиот сет заигра поконцентрирано што резултираше со тај брејк, кој Ѓоковиќ повторно го доби.
Ова е четврта титула на Ѓоковиќ на Вимблдон.
Скопје домаќин на македонските ракометари до почетокот на ЕП
Македонската ракометна репрезентација со две победи над Црна Гора ја заврши втората фаза од подготовките на Маврово и утре продолжува во Скопје каде ќе тренираат до почетокот на ЕХФ Шампионатот.
ЕП од 20 до 29 јули ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“. Македонија се наоѓа во групата Б со селекциите на Украина, Швајцарија, Велика Британија и Италија.
Во првото коло,...
Уапсен човекот што леташе со параглајдер над теренот за голф на Трамп
Шкотската полиција денеска соопшти дека уапсила маж, кој со параглајдер, во знак на протест, летал ниско над теренот за голф каде што американскиот претседател Доналд Трамп играл голф за време на престојот во Шкотскас.
- Полицијата на Шкотска може да потврди дека 55-годишниот маж беше уапсен во врска со инцидент што се случи кога голем параглајдер полета во близина на хотелот во...
Заев: Штитејќи го културното наследство го јакнеме нашиот идентитет
Штитејќи го културното наследство, го јакнеме нашиот идентитет, порача денеска од Галичник премиерот Зоран Заев, кој е покровител на годинашната манифестација „Галичка свадба“.
Пред присутните, Заев истакна дека културното наследство е нашата гордост и оти негувањето на традицијата на Галичката свадба е силен показател дека сме на вистинскиот пат.
- Пред само неколку дена во Брисел бев посебно горд на поканата...
Царовска: Ќе се намалува старосната граница за пензионирање на рударите
Министерството за труд и социјална политика, преку Владата, ќе предложи законски измени и дополнувања со кои ќе се намалува старосната граница за пензионирање на рударите.
Ова денеска во Македонска Каменица го најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на средба со рударите, менаџментот на рудникот САСА, дел од Синдикатите и градоначалничката Соња Стаменкова.
- Согласно ветеното во програмата за...
Екипа на турската телевизија ТРТ приведена накратко во Грција
Екипа на турската државна телевизија ТРТ синоќа била накратко приведена во грчкиот град Александрополис.
Репортерот Фатих Сабунджу, камерманот Уфук Карагјул и уште еден вработен во медиумот - Метин Талу биле уапсени за време на пробно емитување по повод втората годишнина од обидот за преврат на 15 јули 2016 година. Три и пол часа подоцна тројцата биле ослободени.
Сабунджу изјави дека немало причина за нивно приведување...
Mуaреми: Имам нулта толеранција за организираниот криминал
Имам нулта толеранција за организираниот криминал и корупција. Имам цел да расчистам со криминалот, без оглед дали него го сториле сегашни или поранешни функционери, изјави директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Првиот човек на финансиската полицијата ги потврдува сомневањата дека поранешни функционери и бизнисмени переле пари преку наводни мрежи на офшор компании,...
Независни Грци до Коѕијас: Ние сме против употребата на терминот Македонија од соседната земја
За интервјуто на Коѕијас во германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, реагира портпаролот на Независни Грци и објаснува дека ставот на владата официјално го изразува владиниот портпарол, а сè друго се лични проценки, јави дописничката на МИА од Атина.
-Во прашањето за нацрт договорот од Преспа и за процесот на гласање, кога ќе дојде и ако дојде во грчкиот парламент, постоеше...







































