Најмалку десет убиени при самоубиствен напад во Кабул
Бомбаш-самоубиец денеска се разнесе во близина на зградата на Министерството за рурална обнова и развој во главниот град на Авганистан, Кабул.
Сè уште нема точни податоци колку лица загинале, но, според каналот „Толо вести“, тие се околу 10.
Портпаролот на министерството, Фаридун Азханд изјави дека бомбата експлодирала во време кога вработените ја напуштиле зградата околу...
Ердоган: Во Турција ќе исчезне секоја клетка на ФЕТО
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека Турција ќе ја избрише секоја клетка на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), која е обвинувана дека стои зад обидот за преврат во земјата, извршен на денешен ден пред две години.
Ердоган говореше по приемот во претседателската палата Бештепе во Анкара, на кој присуствуваа блиски на загинатите и учесници во отпорот против превратот....
Златната топка за Лука Модриќ
Капитенот на Хрватска Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија. Тој ја доби престижната награда „Златна топка“.
Признанието за најдобар млад играч е за Килијан Мбапе од победничката француска селекција.
Голманот на Белгија, Тибо Куртоа е прогласен за најдобар чувар на мрежата.
Дури 26 возила на првиот брзински натпревар во Кичево
На денешниот натпревар во брзински автомобилизам на кружни патеки, што се возеше на автодромот во Кичево, се појавија вкупно 26 возачи поделени во пет класи. Поради бројноста на возилата истите беа групирани во три дивизии.
Во класа 1 до 1.150 цм кубни се појавија вкупно пет возила од кои пет ја завршија трката, а првото место го освои Александар...
Почина легендарниот југословенски пингпонгар Драгутин Шурбек
Легендата на југословенскиот и хрватскиот спорт, пингпонгарот Драгутин Шурбек почина на 72-годишна возраст.
Шурбек кој три децении беше на врвот во овој спорт, почина ненадејно во својата татковина.
Имаше титули светски и европски шампион во поединечна и игра во двојки.
Беше носител на 36 медали од светски и европски првенства, имаше 518 настапи за репрезентацијата, од кои 503 за Југославија и 15...
Демонстрации во Хелсинки за човекови права пред состанокот Трамп-Путин
Околу 1.500 луѓе се вклучија денеска во демонстрациите во Хелсинки за заштита на човековите права и правата на сексуалните малцинства, на демократијата и екологија пред утрешната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.
Демонстрантите минувајќи низ центарот на главен град на Финска, извикуваа „Човекови права за сите" и „Хелсинки го повикува Путин, Хелсинки го повикува Трамп".
Еден...
Франција ја освои титулата светски фудбалски првак
Француската фудбалска репрезентација денеска во финалето на Мундијалот ја совлада Хрватска со 4:2 и по вторпат ја освои титулата светски првак.
Хрватите добро го започнаа првото полувреме, имаа контрола врз топката и вршеа притисок врз францускиот гол. Но, по еден прекршок во 18 –тата минута на работ на шеснаесетникот на Хрватска, Гризман нафрли, а во скокот лошо реагираше Марио Манџукиќ...
Обама во приватна посета на Кенија
Поранешниот американски претседател Барак Обама пристигна во Кенија, земјата на неговите предци. Ова е негова прва посета на таа земја откако ја напушти претседателската функција.
За време на посетата, Обама ќе и помогне на полусестрата Аума Обама, која има фондација „Саути Куу“, да отвори спортски центар.
Не се очекува неговата посета да привлече големо внимание во главниот град Најроби, за разлика од неговите...
Ѓоковиќ ја освои титулата на Вимблдон
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Вимблдон, совладувајќи го Кевин Андерсон од ЈАР со 3:0 во сетови(6:2, 6:2, 7:6).
Ѓоковиќ во првите два сета одигра одличен тенис, искористувајќи ги сите брејк шанси, но Андерсон во третиот сет заигра поконцентрирано што резултираше со тај брејк, кој Ѓоковиќ повторно го доби.
Ова е четврта титула на Ѓоковиќ на Вимблдон.
Скопје домаќин на македонските ракометари до почетокот на ЕП
Македонската ракометна репрезентација со две победи над Црна Гора ја заврши втората фаза од подготовките на Маврово и утре продолжува во Скопје каде ќе тренираат до почетокот на ЕХФ Шампионатот.
ЕП од 20 до 29 јули ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“. Македонија се наоѓа во групата Б со селекциите на Украина, Швајцарија, Велика Британија и Италија.
Во првото коло,...







































