Каде исчезна грижата за најмладите?
Ситуацијата со градинките е крајно сериозна и навистина мачна како за родителите, така и за вработените во јавните установи, особено ако се има предвид дека градинките кај нас се преполни, дека за да се запише дете во градинка му се потребни дури и дебели врски, дека бројот на деца во група е многу поголем отколку што е дозволено...
Деновиве македонската...
Пронајден туристот од Франција што се загуби на планина Баба
Планинари спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување-Битола успешно ја завршија потрагата по турист од Франција кој вчера залутал низ моликите на планината Баба.
Гостинот од Франција на возраст од околу 23 години, престојувал во Битола, а викендот го искористил за планинарење, но се загубил во пределот под врвот Пелистер, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.
- Потрагата...
Филмот „Исцелител“ на репертоарот во грчките кино сали
Македонскиот игран филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески од четврток ќе се прикажува во грчките кино сали. Својата кино премиера филмот ќе ја има во едно од најстарите кина во Атина - „Трианон“.
„Исцелител“ е прв долгометражен филм во македонско-грчка копродукција и е единствениот македонски филм добитник на награда на престижниот Солунски филмски фестивал.
Кино дистрибуцијата на „Исцелител“ во Грција...
Самит Трамп – Путин во Хелсинки
Самитот на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи денеска во финската Претседателска палата во Хелсинки.
Тоа е зграда од 19 век, со поглед на Балтичко Море, која некогаш била резиденција на руските императори во Финска.
Како домаќин на состанокот, финскиот претседател Саули Нинисте ќе има билатерални средби со двајцата гости. Пред самитот, тој официјално ќе...
Американската компанија „Дура“ почнува со изградба на фабрика во Бунарџик
Во Технолошко инудстриската зона кај Скопје фрнрдкс ќе почне изградбата на производствениот капацитет на американската компанија „Дура“. Станува збор за компанија од автомобилската индустрија, а инвестицијата се проценува на над 30 милиони евра.
Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев одговорајќи на новинарски прашања во саботата вечер во Велес на прослава по повод поканата за членство во...
Завршни зборови на одбраната за „Труст“
На денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Труст“, во кој осомничени се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, ќе бидат изнесени завршните зборови на одбраната.
Јавните обвинители бараат конфискација на имот во вредност од 17 милиони евра од фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“, што е стекнат на противзаконски начин.
Обвинителството даде алтернативно барање, доколку...
Сончево и топло
Претежно сончево и топло, само во северните планински подрачја ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 23 до 35 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 33 степени.
УВ индексот ќе изнесува 9.
Во вторник попладне ќе има локален пороен дожд и...
Дешам по стапките на Загало и Бекенбауер со титула светски шампион како играч и тренер
Дидие Дешам стана трет човек во историјата што успеал да го освои Светското првенство како фудбалер и како тренер.
Како играч Дешам го освои златниот медал дома на СП 1998, а 20 години подоцна како селектор ја доведе Франција до трофејот.
Пред Дешам само двајцата тренери го имаат ова достигнување. Тоа се Бразилецот Марио Загало (како играч - во 1958 и...
Трамп до медиумите: Да ми ја дадат Москва, ќе го баравте Санкт Петербург
Претседателот на САД Доналд Трамп отпатува од Велика Британија за Хелсинки, каде што треба да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин. Тој на неговиот налог на Твитер упати твит за медиумите, кои, како што рече се „непријател на народот".
- На пат за Хелсинки, Финска - со нетрпение ја очекувам утрешната средба со претседателот Путин - напиша...
Ѓоковиќ: Прекрасно е да се подигне пехарот додека слушаш тато, тато
Четирикратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, по денешниот триумф во Лондон, изјави дека е прекрасно да се подигне пехарот додека слуша тато, тато.
- За првпат во животот подигам трофеј, а постои некој кој вика тато, тато. Да, тоа е тоа дете таму. Не можеше да го гледа мечот затоа што има помалку од пет години, но сега е тука...







































