Попушти брана во Лаос, водата збриша шест села
Стотици луѓе се водат како исчезнати откако се урна брана во источниот дел на Лаос, а локалната државна телевизија информира дека не се знае бројот на загинати лица.
Браната во провинцијата Атапе, се урнала синоќа, а водата поплавила шест села.
Поради уривањето на браната, 6.000 луѓе останале без своите домови.
Скокови од карпите на Хаваите
Скокови од карпите на Хаваите, во САД, се прикажани во видеото кое е снимено со дрон на тамошните острови, во период од осум месеци. Дел од скоковите се изведени и од височина од 25 метри.
https://www.youtube.com/watch?v=kTQ8zZdbuW0
„Гардијан“: Што го предизвикува жешкиот бран од Алжир до Арктикот
Северната хемисфера трпи превисоки температури, а климатские промени не се единствена причина, објави Гардијан.
Мината недела властите од Шведска невообичаено побараа меѓународна помош за спречување на пожари кои избија ширум таа држава. По повеќе месеци без дожд со високи температури што траеја со недели, шумите во целата држава се претворија во искри, објави Гардијан.
Резултатите се застрашувачки - голем број шумски...
Се роди албино-кенгурче во Скопската зоолошка градина
Зоолошката доби ново албино-кенгурче, а новиот жител на градината се вика Арчибалд. Албино-кенгурите се вистинска реткост, како и другите албино-животни. Тие се карактеристични по нивното снежнобело крзно и розови очиња и рачиња. Кенгурите во првите месеци ги носат бебињата во џебниот дел што им се наоѓа во пределот на стомакот. Бременоста трае еден месец и откога ќе се родат,...
Акција во Гази Баба по повод 26 јули
Здружението на граѓани „Акцијаши - Скопје“, со поддршка од општината Гази Баба, ја почна работната акција „Скопје на нашите дланки“. Акцијата ќе трае до 26 јули, а ќе се уредува просторот во студентскиот кампус и факултети во општината Гази Баба. Сите заинтересирани граѓани може да се приклучат во оваа акција, која се организира по повод одбележувањето 55 години од...
Десната и левата страна на Вардар како ден и ноќ
На едниот брег има клупи, спортски реквизити, кафулиња, има живот, додека десниот е неосветлен, има само трева, ѓубре и личи на пустелија на која владее мртвило
Во овие летни денови кој нема желба да прошета покрај кејот на Вардар, да побегне од секојдневието и да ужива во убавините на десниот брег на реката. Секој може да одбере што сака, да...
Заев: Македонија ќе ја биде, вечно ќе бидеме Македонци и ќе зборуваме македонски
Татковината ќе ја биде. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО. Вечно ќе бидеме Македонци и вечно ќе зборуваме македонски јазик, порача изутринава преку Фејсбук премиерот Зоран Заев.
Пораката на Заев следува по вчерашната лидерска средба на која не беше постигнат договор за референдумот.
Лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија на средбата во Клубот на пратениците се договорија...
Договор само за техничка влада
Прифативме да се направат законски измени, кои ќе овозможат техничка влада да ги спроведува парламентарните избори во иднина, во согласност со формата што ја имаше пржинската влада, изјави премиерот Заев веднаш по постигнувањето на договорот за прифаќање на принципот за техничка влада, 100 дена пред парламентарните избори, пред лидерската средба да продолжи со прецизирање на договорот за референдумот
По шестчасовни...
Виетнамската „Винфаст“ набрзо ќе ги открие својот нов „кросовер“ и „седан“
" order_by="sortorder" order_direction="ASC" returns="included" maximum_entity_count="500"]
Виетнамскиот автопроизводител „Винфаст“ ќе го искористи Парискиот саем за автомобили за да ги подигне сопствениот рејтинг и глобален имиџ на светските пазари со откривање на своето прво самостојно изградено и креирано возило. „Кросоверот“ со италијански дизајн, кој патем е целосно подготвен за производство, светот првпат ќе може да го види на „Париз автошоу“ во октомври.
Новото...







































