Скокови од карпите на Хаваите

Скокови од карпите на Хаваите, во САД, се прикажани во видеото кое е снимено со дрон на тамошните острови, во период од осум месеци. Дел од скоковите се изведени и од височина од 25 метри. https://www.youtube.com/watch?v=kTQ8zZdbuW0

„Гардијан“: Што го предизвикува жешкиот бран од Алжир до Арктикот

Северната хемисфера трпи превисоки температури, а климатские промени не се единствена причина, објави Гардијан. Мината недела властите од Шведска невообичаено побараа меѓународна помош за спречување на пожари кои избија ширум таа држава. По повеќе месеци без дожд со високи температури што траеја со недели, шумите во целата држава се претворија во искри, објави Гардијан. Резултатите се застрашувачки - голем број шумски...

Се роди албино-кенгурче во Скопската зоолошка градина

Зоолошката доби ново албино-кенгурче, а новиот жител на градината се вика Арчибалд. Албино-кенгурите се вистинска реткост, како и другите албино-животни. Тие се карактеристични по нивното снежнобело крзно и розови очиња и рачиња. Кенгурите во првите месеци ги носат бебињата во џебниот дел што им се наоѓа во пределот на стомакот. Бременоста трае еден месец и откога ќе се родат,...

Акција во Гази Баба по повод 26 јули

Здружението на граѓани „Акцијаши - Скопје“, со поддршка од општината Гази Баба, ја почна работната акција „Скопје на нашите дланки“. Акцијата ќе трае до 26 јули, а ќе се уредува просторот во студентскиот кампус и факултети во општината Гази Баба. Сите заинтересирани граѓани може да се приклучат во оваа акција, која се организира по повод одбележувањето 55 години од...

Десната и левата страна на Вардар како ден и ноќ

На едниот брег има клупи, спортски реквизити, кафулиња, има живот, додека десниот е неосветлен, има само трева, ѓубре и личи на пустелија на која владее мртвило Во овие летни денови кој нема желба да прошета покрај кејот на Вардар, да побегне од секојдневието и да ужива во убавините на десниот брег на реката. Секој може да одбере што сака, да...

Заев: Македонија ќе ја биде, вечно ќе бидеме Македонци и ќе зборуваме македонски

Татковината ќе ја биде. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО. Вечно ќе бидеме Македонци и вечно ќе зборуваме македонски јазик, порача изутринава преку Фејсбук премиерот Зоран Заев. Пораката на Заев следува по вчерашната лидерска средба на која не беше постигнат договор за референдумот. Лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија на средбата во Клубот на пратениците се договорија...

Договор само за техничка влада

Прифативме да се направат законски измени, кои ќе овозможат техничка влада да ги спроведува парламентарните избори во иднина, во согласност со формата што ја имаше пржинската влада, изјави премиерот Заев веднаш по постигнувањето на договорот за прифаќање на принципот за техничка влада, 100 дена пред парламентарните избори, пред лидерската средба да продолжи со прецизирање на договорот за референдумот По шестчасовни...

Виетнамската „Винфаст“ набрзо ќе ги открие својот нов „кросовер“ и „седан“

" order_by="sortorder" order_direction="ASC" returns="included" maximum_entity_count="500"] Виетнамскиот автопроизводител „Винфаст“ ќе го искористи Парискиот саем за автомобили за да ги подигне сопствениот рејтинг и глобален имиџ на светските пазари со откривање на своето прво самостојно изградено и креирано возило. „Кросоверот“ со италијански дизајн, кој патем е целосно подготвен за производство, светот првпат ќе може да го види на „Париз автошоу“ во октомври. Новото...

ЕК ќе го активира Механизмот за цивилна заштита за да и помогне на Грција

Европската комисија(ЕК) во следните неколку часа ќе го активира Европскиот механизам за цивилна заштита за да и помогне на Грција каде во пожарите досега загинаа околу 50 лица. - Ја завршуваме анализата на ситуацијата, механизмот за цивилна заштита ќе биде активиран во наредните часови - изјавил извор од европските институции. Според него, мониторинг на ситуацијата со катастрофалните шумски пожари во Грција...

О’Саливан: Не казнувајте ги играчите за местење

Откако Светската професионална билјард и снукер-асоцијација санкционира тројца играчи, Велшанецот Дејвид Џон и Кинезите Ју Делу и Као Јупен, англискиот професионален снукерист Рони О’Саливан излезе со изјава, која ја пренесе „Еуроспорт“, во која вели дека причините за местењето на натпреварите треба да се најдат пред да се казнуваат играчите што мамат. - Вистинското прашање е зошто играчите имаат потреба да...