Шекеринска: Одлуката од референдумот е обврзувачка, но и без неа институциите имаат обврски

Доколку на референдумот се донесе одлука таа е обврзувачка за институциите, но доколку не се донесе одлука институциите имаат обврска да го кажат своето мислење, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со претстојниот референдум за Договорот со Грција и за тоа дали уставните измени ќе се спроведат и доколку договореното не биде...

Нападнат малолетник во Миладиновци

Шеснаесетгодишен малолетник е повреден синоќа во тепачка меѓу две групи малолетни лица што се случила во скопското село Миладиновци, кај игралиштето за мал фудбал.  Како што информира МВР, малолетникот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му била констатирана тешка телесна повреда. Случајот бил пријавен во полиција и се преземаат мерки за негово расчистување.

Завршена аутопсијата на 86 загинати во пожарите во Грција

Заврешен е процесот на аутопсија на 86 тела на загинатите во пожарите во Грција, а паралелно во тек е и процесот на нивна идентификација, соопшти денеска раководителот на грчкиот Институт за судска медицина, Никос Каракукис. - Завршивме со истрагата на судската медицина за телата на починатите донесени во мртовечницата. Беа вкупно 86. Преостанува процесот на идентификација што го врши друга...

Најплатените музичари во 2018 година

Списанието „Билборд“ состави листа oд 50 најплатени музичари и музички групи во светот 1.„Ју ту“ Ирската групата „Ју ту“ до денес има продадено повеќе од 120 милиони студио-албуми и повеќе од 50 милиони компилации и снимки од настапи во живо, шест пати некој од нивните албуми бил на првото место на американските топ-листи, а девет пати во Велика Британија. „Ју ту“...

Данчила: Неопходен е успешен референдум за интеграција во НАТО и ЕУ

Поканата Македонија да стане членка на НАТО е многу важна за вас, но и за нас, ја поддржуваме и евроинтеграцијата на земјата за која е многу важно референдумот што треба да се одржи на крајот на септември да биде успешен, порача премиерката на Романија, Виорика Данчила на денешната заедничка прес-конфреренција во Владата со нејзиниот домаќин премиерот Зоран Заев.   - Мојата...

„Пуси рајот“ казнети за незаконско носење полициски униформи

Руски суд им одреди парична казна во висина од 1.500 рубли (околу 20 евра) на музичарките од феминистичката панк-група „Пуси рајот“ и на основачот на уметничката платформа „Војна“ за незаконско носење полициски униформи. Олга Пахтусова, Вероника Никулшина и Олга Курачева од „Пуси рајот“ и Пјотр Верзилов од „Војна“, облечени во полициски униформи, на 15 јули истрчаа на теренот на...

Убер-возачот на Викторија Бекам без маица на себе

Поранешната спајс-девојка, Викторија Бекам, на Инстаграм објави фотографија со својот помлад убер-возач, кој во тој момент не носи маица на себе. Станува збор за нејзиниот син Бруклин, кој штотуку се откажал од њујоршката школа за фотографија, и се вратил во Лондон кај семејството. Мајката, како што објави „Дејли мејл“, среќна поради таквиот развој на настаните, објави уште неколку семејни фотографии на...

Еликософт 25 години нуди софтверски апликативни решенија

Еликософт е компанија која на македонскиот пазар постои веќе 25 години, создавајќи софтверски апликативни решенија. Станува збор за организација која нуди високо квалитетен производ преку IT дисциплини поврзани со машинско учење, вештачка интелигенција, обработка на големи податочни контејнери, дистрибуирани принципи итн. Во интервју за весникот Нова Македонија раководителот за развој и напредни технологии во Еликососфт Петар Петровски, го објаснува начинот...

Најсилните феминистички филмови

Многу жени сметаат дека филмската индустрија е пред сѐ машка забава, оттаму, силните женски ликови се помалку застапени, а и статистиката на режисерите оди во корист на мажите. Во прилог се најдобрите феминистички филмови. „Орландо“ Овој филм е адаптација на романот на Вирџинија Вулф и ги истражува родовата и уметничката субјективност преку приказна за богатиот благородник во елизабетанската ера, кој постепено...

Затемнувањето на месечината вечерва ќе трае 103 минути

Иако временските прогнози за петок засега не се поволни, доколку небото е ведро Скопското астрономско друштво од плоштадот „Македонија“ со телескоп ќе ги проследи и двата настана, почнувајќи од 20.30 часот Ретко кој астрономски настан го привлекува вниманието на граѓаните како помрачувањата (еклипсите) на сонцето и на месечината, без разлика дали станува збор за целосно или за делумно помрачување. Ова...