Најстарата жена на светот почина на 117 години
Највозрасната личност на светот, Јапонката Чијо Мијако почина на 117 години, соопшти гувернерот на областа Канагава, што се наоѓа јужно од Токио, и каде што живееше старицата.
Мијако е родена на 2 мај 1901. За најстара личност на светот беше прогласена во април, по смртта на Наби Таџима, исто така Јапонка, која почина исто на 117-годишна возраст.
Мијако беше љубител на...
„Мизар“ меѓу десетте бившојугословенски албуми што годинава полнат 30 години
Ова е прва плоча на еден поголем бенд од Македонија што во целост е снимена на македонски јазик
На интернет-страницата Харвајард, музички магазин со став, неодамна беше објавена листа на десет албуми од некогашна Југославија што годинава наполнија 30 години.
- Ние направивме листа од 10-те најзначајни изданија што излегоа во 1988 година и што се цели три децении присутни во...
Објавено делото „Природата на Бог“
Во издание на издавачката куќа „Слово“ објавено е делото „Природата на Бог“ од Тихана Обрадовиќ Чингарова, која ѝ припаѓа на младата генерација македонски филозофи. Книгата се занимава со филозофијата на Ван Скот Ериугена, ирски средновековен филозоф, новоплатоничар и поет, чие дело досега беше малку познато во нашата средина. Ериугена, како што докажува авторката Тихана Обрадовиќ Чингарова, дава уникатно филозофско...
Поскап туризам поради зголемување на цената на нафтата
Асоцијацијата „Глобал бизнис травел“ соопшти дека се очекува во 2019 година авионските билети да поскапат и до седум отсто, додека цените во хотелите може да се зголемат до пет проценти.
Предвидувањата за 2019 година покажуваат дека зголемувањето на цените на хотелите ќе биде поттикнато од зголемената побарувачка за авионски летови.
Според извештајот, поради високите цени на нафтата, најголем број авиокомпании сега...
Промовирана „Графичката мапа на Родољуб Анастасов“
Во Музејот на градот Скопје е промовирана „Графичката мапа на Родољуб Анастасов“, музејски проект финансиран од градот Скопје, а реализиран во рамките на „Скопско лето“.
Родољуб Анастасов (1935 г.), македонскиот сликар од средната генерација, кој често го претставувал југословенското, а редовно македонското современо ликовно творештво во репрезентативни избори во светот и кај нас, со досега добиени десетици награди и признанија,...
Постои голем потенцијал за економска соработка меѓу Македонија и Саудиска Арабија
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Абдулмомен бин Мохаммед Шараф, новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија за Македонија, со седиште во Тирана.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, заеднички било констатирано дека постои голем потенцијал за развој на економската соработка помеѓу двете држави.
Заев и Шараф разговарале и за можноста за потпишување генерална рамковна спогодба што...
Романтична сензуалност донесе Шпанската вечер на „Охридско лето“
Традиционалната Шпанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ донесе неповторливи мигови за публиката преку извонредниот глас на сопранот Еугениа Боикс и пијано-изведбата на Ана Ферер. Двете шпански уметници на концертниот подиум во „Света Софија“ оставија силен впечаток, но по концертот и тие беа восхитени од местото каде што настапија.
- Првпат сме во Охрид и во црквата „Света Софија“. Ова е...
Стручњаци од земјава и од странство ја истражуваат Врбјанска Чука
Голем број стручњаци и студенти од Македонија, Германија, Словенија, Шпанија, Франција, Чешка, Србија и од Швајцарија вршат истражувања на локалитетот Врбјанска Чука, Прилепско. Истражувањата се во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Прилеп и Институтот за старословенска култура - Прилеп, кои веќе неколку години даваат одлични резултати.
- Покрај...
Полесно до работа отколку до работна виза
Босна и Херцеговина
Термините за добивање визи во германската амбасада во Сараево се доделуваат бавно, а на луѓето што веќе нашле работа кај германските работодавци им се прекинуваат договорите
Бројот на граѓаните од Босна и Херцеговина што сакаат да заминат за Германија е сѐ поголем, но малкумина од нив можат да ја поминат визната бариера. Проблемите со кои се соочуваат тие...
Експертите го предвидуваа катастрофалниот пожар на Атика
Грција
Грчките медиуми вчера ги бараа одговорите на тоа зошто загинаа голем број луѓе и дали огнената стихија што го зафати просторот на полуостровот Атика можела да се спречи
Бројот на загинати во пожарите што го зафатија источниот дел на областа Атика во Грција, и според последното соопштение од грчката противпожарна служба, достигна 82 лица.
Како што јави дописничката на МИА од...





































