Путин го покани Трамп да ја посети Москва
Рускиот претседател Владимир Путин го покани неговиот американски колега Доналд Трамп да ја посети Москва и воедно најави дека е подготвен самиот да дојде во Вашингтон.
Зборувајќи во Јоханесбург, каде учествува на самит на земјите од групата БРИКС, Путин рече дека телефонските разговори не се доволни и дека се потребни директни контакти за иранското нуклеарно прашање и други теми.
- Ние...
Тајфунот Џонгдари се упати кон Јапонија
Силниот тајфун Џонгдари се движи кон најголемиот јапонски остров Хоншу, соопшти денеска метеоролошката служба на Јапонија.
Ова е 12-ти тајфун во текот на оваа сезона, но Јапонците се надеваат дека тој ќе донесе барем делумно заладување по големите летни горештини. Најмалку три лица починаа вчера како резултат на високите температури.
Тајфунот е на 230 километри од Јапонија и се движи со...
Опасноста и напорната работа во најтешките светски професии
Луѓето што вадат сулфур од вулканот Иџен во Индонезија, собирачите на јаглен во Индија, работниците кои бараат скапоцени камења во рудниците во Пакистан, собирачите на песок во Камерун, како и рударите во Боливија и во Буркина Фасо, според многумина, се занимаваат со најтешките светски професии, кои истовремено се опасни и напорни.
Медиумите сметаат дека измените во Изборниот законик ја загрозуваат нивната работа
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) се противат на усвоените измени и дополнувања на Изборниот законик, донесени како резултат на политички договор помеѓу власта и опозицијата со оценка дека директно ја загрозуваат работата на медиумите во време на предизборна кампања и се во спротивност...
Од недела привремен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“
На булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со булеварот „8 Септември“ во насока на движење кон улица „МАНАПО“ во близина на трговскиот центар „Сити мол“, в недела ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.
Привремениот сообраќаен режим се воведува поради извршување градежни работи за изведување гасоводна мрежа. На терен ќе работат екипи на Акционерското друштво ГА-МА-Скопје.
- Апелираме сите учесници во сообраќајот...
Кривична пријава за тетовец за полов напад на дете
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Б.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“.
Како што соопшти МВР, М.Б. се сомничи дека на 25 овој месец околу 17 часот го извршил кривичното дело на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, во премин меѓу две станбени згради.
Со нож го исекол...
Климатските промени влијаат врз бројот на самоубиства
Промената на климата влијае и на бројот на самоубиства, покажува најновата студија изработена од калифорнискиот Униферзитет Стенфорд.
Научниците предупредуваат дека климатските промени може да влијаат врз бројот на самоубиства исто како и економската рецесија. Во истражувањето споредувани се растот на температурата и случаите на самоубиства ширум САД и во Мексико во последните неколку децении. Резултатите покажуваат дека сепак постои некаква...
Шекеринска: Одлуката од референдумот е обврзувачка, но и без неа институциите имаат обврски
Доколку на референдумот се донесе одлука таа е обврзувачка за институциите, но доколку не се донесе одлука институциите имаат обврска да го кажат своето мислење, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со претстојниот референдум за Договорот со Грција и за тоа дали уставните измени ќе се спроведат и доколку договореното не биде...
Нападнат малолетник во Миладиновци
Шеснаесетгодишен малолетник е повреден синоќа во тепачка меѓу две групи малолетни лица што се случила во скопското село Миладиновци, кај игралиштето за мал фудбал.
Како што информира МВР, малолетникот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му била констатирана тешка телесна повреда.
Случајот бил пријавен во полиција и се преземаат мерки за негово расчистување.
Завршена аутопсијата на 86 загинати во пожарите во Грција
Заврешен е процесот на аутопсија на 86 тела на загинатите во пожарите во Грција, а паралелно во тек е и процесот на нивна идентификација, соопшти денеска раководителот на грчкиот Институт за судска медицина, Никос Каракукис.
- Завршивме со истрагата на судската медицина за телата на починатите донесени во мртовечницата. Беа вкупно 86. Преостанува процесот на идентификација што го врши друга...






































